Абдуллах Ерен: YTB придонесува младите генерации да ги научат турскиот јазик и турската култура

„Најзначајниот проблем на Турците кои живеат во странство, е младите генерации да ги научат турскиот јазик и турската култура.“ - рече претседателот на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) Абдуллах Ерен

1275429
Абдуллах Ерен: YTB придонесува младите генерации да ги научат турскиот јазик и турската култура

Претседателот на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) Абдуллах Ерен кој престојува во посета на градот Торонто во Канада најпрвин заедно со делегацијата во негова придружба ги посети џамијата и центарот на Бошњаците во овој град.

Ерен оствари одделни средби и со генералната конзулка на Турција во Торонто Синем Мигнан и со аташето за образование во Торонто Булент Чифтчи, а во генералниот конзулат имаше средба и со претставниците на здруженијата и фондациите (вакафите) на турската заедница во Канада.

Оттука Ерен премина во Анадолскиот исламски културен центар каде што се состана со раководителите на центарот.

Претседателот на Анадолскиот исламски културен центар Асим Хоџа истакна дека нивниот центар е меѓу граѓанските организации кои ставаат во примена заеднички проекти со Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) во Канада.

Хоџа рече дека и во новиот период со проекти поддржани од Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) ќе бидат организирани програми со младите Турци и младите од други заедници.

Претседателот на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB)  Абдуллах Ерен во говорот што го одржа овде, информираше во врска со активностите и проектите кои што се реализираат од страна на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) .

Тој напомена дека Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) придонесува младите генерации да ги научат турскиот јазик и турската култура.

Појаснувајќи дека угнетените народи кај кои со изјавата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган „Светот е поголем од пет“ повторно се појави надеж, своите погледи веќе ги свртија кон Турција кои го прочуја својот глас во светот, Абдуллах Ерен рече: „И YTB е здружение на народите кои своите погледи ги свртиле кон Турција. Најзначајниот проблем на Турците кои живеат во странство, е младите генерации да ги научат турскиот јазик и турската култура. Со проектите кои што ги подготвуваме придонесуваме колку што е можно намалување на овој проблем.“

Ерен воедно потсети дека во Канада се реализираат различни проекти со различни здруженија и фондации (вакафи) и додаде дека и во текот на оваа година се посакува да бидат ставени во примена уште повеќе проекти.



Слични вести