Денеска во Будимпешта ќе биде отворена промотивната канцеларија на Турскиот совет

На програмата на свечено отворање ќе учествуваат министрите за надворешни работи на Турција, Унгарија, Киргистан, Азербејџан и Казахстан, како и генералниот секретар на Турскиот Совет Багдад Амреев

1272470
Денеска во Будимпешта ќе биде отворена промотивната канцеларија на Турскиот совет

Денеска во главниот град на Унгарија, Будимпешта, ќе биде ставена во услуга промотивната канцеларија на Советот за соработка на туркофонските земји (Турскиот совет или Турскиот кенеш-Türk Keneşi).

На програмата на свечено отворање која што ќе се одржи денеска во Будимпешта  ќе учествуваат министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија Петер Сијарто, министерот за надворешни работи на Киргистан Чингиз Ајдарбеков, министерот за надворешни работи на Азербејџан Елмар Мемедјаров, министерот за надворешни работи на Казахстан Мухтар Тлеуберди и генералниот секретар на Турскиот Совет Багдад Амреев.

Министерот за надворешни работиМевлут Чавушоглу и министрите за надворшени работи на другите земји учесници на оваа церемонија во Будимпешта, ќе бидат примени кај унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во објавеното соопштение од турското Министерство за надворешни работи во врска со прашањето се вели следното: „Унгарија која во 2014 година стана членка на Парламентарната Асамблеја на туркофонските земји, а во 2018 година стана членка набљудувач на Турскиот совет и Турската академија. Соработката меѓу Унгарија и Турскиот совет со отворањето на оваа канцеларија ќе продолжи да се развива на институционално ниво.“



Слични вести