Меѓународна награда за ТРТ за програмата „Новинарство за млади“

Проектот на Турската радио и телевизија ТРТ „Новинарство за млади“ ја доби наградата „Препознавање на иницијативите фокусирани на разноликост и инклузивност“ на Меѓународниот саем IBC 2019

1270503
Меѓународна награда за ТРТ за програмата „Новинарство за млади“

Турската радио и телевизија ТРТ им додаде уште една награда на наградите кои што ги доби досега на меѓународна арена.

ТРТ која поаѓајќи од слоганот „Да се стане инспирација за промена“ ги отвори вратите на новинарството за младите го освои првото место во светот со програмата „Journalism for Juniors“ т.ј. „Новинарство за млади“, а во склопот на својот проект за социјална одговорност „TRT World Citizen“ (Светски граѓанин на годината).

Проектот ја доби најголемата награда од наградите за социјално влијание на „IBC 2019“, како највлијателен медиумски, забавен и технолошки саем во светот.

Во објавеното писмено соопштение од Меѓународниот саем IBC кој се одржува секоја година во холандскиот град Амстердам се истакнува дека проектот на Турската радио и телевизија ТРТ „Новинарство за млади“ ја доби наградата „Препознавање на иницијативите фокусирани на разноликост и инклузивност“.

Турската радио и телевизија ТРТ, ја остави зад себе продукцијата на британскиот информативен сервис „ББС“ во истата категорија и го освои првото место.

Генералниот директор на ТРТ Ибрахим Ерен во направената проценка по прашањето рече: „Им честитам на сите мои другари во ТРТ кои во рамките на проектот 'Новинарство за млади' одат и им даваат настава по новинарство на младите во безброј места и тоа не само во Турција, туку и надвор од Турција.“

Заедно со Турската радио и телевизија ТРТ, меѓу добитниците на награда беше и познатиот актер Енди Серкис кој во трилогијата "Господарот на прстените" настапува во улога на малото суштество Голум. 

Инаку, во склопот на проектот "Новинарство за млади" до денеска им е дадена обука и настава по новинарство на повеќе од илјада млади од различни социјални групи.



Слични вести