Свечено отворен 26-от Меѓународен фестивал во Анталија
Фестивалот на операта и балетот Аспендос во Анталија беше отворен со операта „Кармен“ на францускиот композитор Жорж Бизе



26-от Меѓународен фестивал на операта и балетот Аспендос во Анталија беше отворен со операта „Кармен“ на францускиот композитор Жорж Бизе.
Фестивалот кој се одржува под покровителство на Генералната дирекција на државната опера и балет при Министерството за култура и туризам стартуваше во античкиот театар Аспендос со различни манифестации.
Најпрвин беше интепретирана операта „Кармен“ на францускиот композитор Жорж Бизе под диригенство на шеф Здравко Лазаров
Заменик министерката за култура и туризам Озгул Озкан Јавуз во говорот на свеченото отворање рече дека во рамките на фестивалот 8 пати ќе бидат изведени 5 различни продукции.
„На овој фестивал доаѓаат уметници не само од Турција, туку и од Украина и Виена. Домашните уметници и музичари заедно со странските гости и колеги на жителите на Анталија и на туристите ќе им пружат извонреден и незаборавен фестивал.
Во рамките на фестивалот во Аспендос првпат ќе биде остварена и изведбата на операта „Аида“ на Џузепе Верди“ рече Јавуз и додаде дека во рамките на годинашниов фестивал ќе го донесат и спектаклот Троја, која сезонава наиде на широк оддек. По тој пов сите граѓани на АНталија и туристите ги канам на ЕКСПО Анталија“ рече Јавуз.