Празникот на победата свечено се одбележува и во странство

По повод празникот во сите дипломатско-конзуларни претставништва се одржуваат свечени приеми и манифестации

1261294
Празникот на победата свечено се одбележува и во странство

По повод одбележувањето на Празникот на победата во дипломатско-конзуларните претставништва се одржуваат различни манифестации.

Во рамките на свеченото одбележување на празникот, Амбасадата на РТ во Нур-Султан, главниот град на Казахстан приреди свечен прием.

На свеченоста што се одржа со интонирање на химните на Турција и Казахстан, амбасадорот на Турција во Нур-Султан Невзат Ујаник одржа говор.

На свеченоста беше прикажан документарен филм посветен на 30 август, Празникот на победата како и различните меѓународни мисии на Турските вооружени сили (ТВС).

На комеморативната манифестација по повод 30 август, Денот на победата што се одржа во Мелбурн во Австралија беше оддадена почит на сите херои ко загинаа во народноослободителната борба.

Во џамиите кои делуваат под покровителство на Управата за верски прашања беше реализирана комеморативна програма за сите херои од Малазгирт до Големата офанзива и се читаа молитви.

По повод Празникот на победата, во американскиот град Чикаго се одржа концерт на кој се изведуваше турска класична музика.

Студентите на конзерваториумот во рамките на манифестацијата што се одржа под покровителство на Генералниот конзулат на РТ во Чикаго во библиотеката на Њубери свиреа и пееја песни и маршеви.

Генералниот конзул на РТ во Чикаго Умут Аџар во говорот во оваа прилика упати изрази голема почит и испрати големи поздрави до историјата, хероите.

По повод 30 август, во Алејата на турските борци во Баку исто така се одржа комеморативна седница.

На комеморацијата на која учествуваше и воениот аташе на РТ во Баку, бригадниот генерал Исмаил Хакки Ќосеали, амбасадорот на РТ во Баку Еркан Озорал постави венец на споменикот.

На приемот во амбасадата на РТ во Багдад учествуваа персоналот на военото аташе, офицерите и подофицерите задолжени во мисијата на НАТО во Багдад и коалиционите сили во борбата против терористичката организација ДЕАШ.

Во амбасадата на РТ во Хартум, главниот град н Судан исто така се одржа свечен прием.

Амбасадорот Ирфан Незироглу во говорот во оваа прилика изрази убедување и надеж за ззајакнување на пријателството меѓу Турција и Судан.



Слични вести