Првата синтетичка боја во Анадолија ја користеле жителите на кралството Урарту

Украсните мотиви во Ван коишто датираат од пред 2700 години, беа откриени како резултат на 30 годишните археолошки ископувања и реставрација на едно од највеличествените градби на кралството Урарту со ѕидови од ќерпич и камени украсни мотиви

1259939
Првата синтетичка боја во Анадолија ја користеле жителите на кралството Урарту

Во рамките на археолошките ископувања на калето Ајанис изградено од страна на кралот на Урарту Руса Втори на еден доминантен рид на Ванското езеро беа откриени првите примери на синтетичка боја направена од страна на луѓето во Анадолија.

Украсните мотиви во Ван коишто датираат од пред 2700 години, беа откриени како резултат на 30 годишните археолошки ископувања и реставрација на едно од највеличествените градби на кралството Урарту со ѕидови од ќерпич и камени украсни мотиви. Овие откритија жед играат големо значење во расветлувањето на еден дел од историјата.

Ископувањата кои се остваруваат под раководство на професорот Мехмет Ишикли од одделот за археологија при факултетот за книжевност на Ататурковиот универзитет беше утврдено дека на ѕидовите на просторите каде што се вршеа духовните ритуали беше употребена синтетичка боја.

Според резултатите од анализите на експертите беше утврдено дека тоа е прва синтетичка боја во Анадолија направена од страна на човекот.



Слични вести