Дали знаете 34/2019

Меѓу осумте видови морски желки два вида доаѓаат на бреговите на Средоземното Море на Турција

1258830
Дали знаете 34/2019

Дали знаете дека во светот живеат 8 вида морски желки и дека двa вида од нив полагаат јајца на бреговите на Средоземното Море на Турција?

Меѓу осумте видови морски желки два вида доаѓаат на бреговите на Средоземното Море на Турција. Тоа се морските желки со едра глава Карета Карета (Caretta caretta) и зелените морски желки Челонија мајдас (Chelonia mydas). Овие два вида морски желки во периодот мај-август прават гнезда на голем број наши плажи во областа од Екинџи-Далјан до Јумурталик-Самандаг и ноќе своите јајца ги оставаат, односно полагаат во овие гнезда.

Повеќе од половината од популацијата на зелените морски желки се наоѓаат во Турција. Затоа Турција е во својство на еден од најзначајните простори на полагање јајца на зелените морски желки во басенот на Средоземното Море.

Истражувањата покажуваат дека брзо се намалува популацијата на зелените морски желки во Средоземноморскиот басен. Затоа со постигнување на различни договори овој вид морски желки се земаат под заштита.

Во Турција исто така продолжуваат да се водат систематски активности за заштита на морските желки.
 



Слични вести