Турскиот режисер Емин Алпер добитник на наградата „Срцето на Сараево“

Турскиот режисер на филмот „Сестри“ („Kız Kardeşler“) Емин Алпер на 25. Сараевски филмски фестивал е избран за најдобар режисер и ја доби наградата „Срцето на Сараево“

1257171
Турскиот режисер Емин Алпер добитник на наградата „Срцето на Сараево“

Со церемонија која што се одржа во историската зграда на Националниот театар во Сараево беа доделени наградите „Срцето на Сараево“ на годинашниот 25. Сараевски филмски фестивал.

Турскиот режисер на филмот „Сестри“ („Kız Kardeşler“) Емин Алпер е избран за најдобар режисер и ја доби наградата „Срцето на Сараево“.

Филмот „Take Me Somewhere Nice“ на режисерката од Босна и Херцеговина Ена Сендијаревиќ е избран за најдобар долгометражен филм, а филмот „When The Persimmons Grew“ во режија на азербејџанскиот режисер Хилал Бајдаров е награден со награда за најдобар документарен филм.

За најдобар краткометражен филм беше избран „The Last Image Of Father“ на српскиот режисер Стефан Ѓорѓевиќ, додека филмот „Sherbet“ на еден друг српски режисер Никола Стојановиќ ја доби наградата за најдобар студентски филм.

Наградата за најдобар режисер ја освои турскиот режисер „Емин Алпер“ со филмот „Сестри“ („Kız Kardeşler“), наградата за најдобра женска и е доделена на Ирина Јамбонас за улогата во филмот „Rounds“, а за најдобра машка улога на Леван Гелбакиани за неговата улога во филмот „And Then We Danced“.

Турскиот режисер Емин Алпер истакна дека доделувањето на на оваа награда претставува гордост за него и рече: „Поканувајте ме секогаш, да дојдам секогаш. Ви благодарам на сите.“

Церемонијата на доделување на наградите „Срцето на Сараево“ заврши по сликањето на заедничка фотографија.

Во рамките на фестивалот за кој во Сараево дојдоа актери, режисери и продуценти од различни земји беа прикажани 270 филмови, а беа одржани и бројни мастеркласови, работилници, светски премиери и ноќни забави.

Годинашниот 25. Сараевски филмски фестивал започна на 16 август, а завршува на 23 август (денеска) по прикажување на филмовите добитници на награди „Срцето на Сараево“ и со проекција на новиот филм на Квентин Тарантино „Once upon a time in Hollywood“.



Слични вести