На денешен ден, 16 август

На денешен ден 1974 година, турските единици во рамките на Мировната операција на Кипар ја воспоставија контролата во областа северно од линијата Магоса, Лефкоша и Лефке

1253223
На денешен ден, 16 август

... На денешен ден 16 август 1556 година, со церемонија беше отворена џамијата Сулејманије во Истанбул.

... На денешен ден 1858 година, американскиот претседател Џејмс Буканан го оствари со британската кралица Викторија својот прв прекуокеански телеграфски разговор.

... На денешен ден 1868 година, перуанскиот град Арика (моментално е во составот на Чиле) по земјотресот со јачина од 8,5 степени и цунамито кое што следеше потоа, беше срамнет со земјата. Животот го загубија приближно 70 илјади лица од кои 25 илјади во Арика.

... На денешен ден 1920 година, е роден во Германија писателот Чарлс Буковски кој фрлил потпис на голем број дела, а пред се книгата раскази „Приказни за обичното лудило“.

... На денешен ден 1953 година, иранскиот Шах Риза Пехлеви и кралицата Суреја откако не можеше да го собори од власт премиерот Мусадик, го напушти Иран.

... На денешен ден 1974 година, турските единици во рамките на Мировната операција на Кипар ја воспоставија контролата во областа северно од линијата Магоса, Лефкоша и Лефке.

... На денешен ден 1977 година, на 42-годишна возраст во Грејсленд почина кралот на рокенролот Елвис Присли.

... На денешен ден 2002 година, во Багдад почина палестинскиот политички лидер Ебу Нидал чие вистинско име е Сабри Халил ен-Бенна.

... На денешен ден 2003 година, во градот Џеда во Саудиска Арабија каде што се наоѓаше во прогонство почина диктаторот Иди Амин кој управуваше со Уганда во периодот од 1971 до 1979 година.

... На денешен ден 2005 година, во близина на Венецуела се сруши патнички авион на авиокомпанијата Западни Кариби. Животот го загубија 160 лица.

... На денешен ден 2008 година, јамајканскиот атлетичар Усаин Болт на Летните олимписки игри во 2008 година во Пекинг со резултат од 9 секунди 69 стотинки го собори светскиот рекорд на 100 метри. Усаин Болт, по една година на Светското атлетско првенство во Берлин го подобри својот светски рекорд на 9 секунди 58 стотинки.



Слични вести