На денешен ден, 15 август

На денешен ден 1974 година, турските воени единици кои напредуваа во рамките на Мировната операција на Кипар влегоа во Магоса, вториот најголем град на островот. Истиот ден, кипарските Грци застрелаа 50 Турци во селата Ташкент, Татлису и Терази.

1252582
На денешен ден, 15 август

... На денешен ден 15 август 1461 година, Османлискиот султан Фатих Мехмет, односно Мехмед втори освојувачот, го освои градот Трабзон и стави крај на Грчката империја во Трабзон.

... На денешен ден 1769 година, беше роден во Коризика Наполоен Бонапарта кој го запиша своето име во европската историја. 

... На денешен ден 1869 година, беше отворен Суецкиот канал кој ги поврзува Средоземното Море и Црвеното Море.

... На денешен ден 1914 година, беше отворен Панамскиот канал кој ги поврзува Атлантскиот Океан и Тихиот Океан.

... На денешен ден 1925 година, беше потпишан договор со фирмата Јункерс за формирање на фабриката за авиони и мотори во градот Кајсери во Турција.

... На денешен ден 1935 година, Адолф Хитлер го забрани бракот меѓу Германците и евреите. 

... На денешен ден 1960 година, согласно договорите од Цирих и Лондон беше прогласено формирањето на независната Република Кипар.

... На денешен ден 1962 година, за прв пат беше објавен цртаниот роман „Спајдермен“.

... На денешен ден 1969 година, со учество на 400 илјади лица во Њујорк започна Музичкиот и уметничкиот фестивал Вудсток. Овој фестивал траеше три дена. 

... На денешен ден 1974 година, турските воени единици кои напредуваа во рамките на Мировната операција на Кипар влегоа во Магоса, вториот најголем град на островот. Истиот ден, кипарските Грци застрелаа 50 Турци во селата Ташкент, Татлису и Терази.

... На денешен ден 1994 година, во Судан беше фатен интернационалниот терорист „Карлос Шакалот“ чиј живот беше тема на романи и филмови.

... На денешен ден 2007 година, во Перу се случи силен земјотрес со јачина од 8 степени во кој животот го загубија 514 лица.
 



Слични вести