Дали знаете 32/2019

Формирањето на градот Шанлиурфа се протега до старите времиња и поради тоа што овде живееле Пејгамберите (Божјите пратеници) чие име се споменува во трите универзални религии се споменува или е познат како „град на Пејгамберите“

1253150
Дали знаете 32/2019

Дали знаете дека градот Шанлиурфа кој што е едниот од најнаселените градови на Анадолија се нарекува, односно е познат како „град на Пејгамберите т.ј. Божјите пратеници“?

Формирањето на градот Шанлиурфа се протега до старите времиња и поради тоа што овде живееле Пејгамберите (Божјите пратеници) чие име се споменува во трите универзални религии, се споменува или е познат како „град на Пејгамберите“.

Според познатиот арапски историчар Ебул Фарач, Шанлиурфа е првото и најзначајното од седумте населени места кои што биле формирани на земјата, по Ноевиот потоп.

Освен тоа, меѓу верувањата се и оние дека во оваа област Хазрети Адем, односно Адам се бавел со земјоделство, а живееле и Пејгамбери, односно Божји пратеници како што се Хазрети Ибрахим, Хазрети Ејуп, Хазрети Шуајп, Хазрети Елјаса и Хазрети Лут.

Исто така поради тоа што во градот Шанлиурфа била пронајдена марамата на Хазрети Иса, односно Исус, и христијаните овој град го нарекле Дир-Месих.
 



Слични вести