Таркан се подготвува да настапи на сцената под отворено небо „Харбије Џемал Топузлу“ во Истанбул

Турската мега ѕвезда Таркан на 20, 21 и 23 септември ќе настапи пред своите обожаватели на сцената под отворено небо "Харбије Џемил Топузлу" во Истанбул

1252213
Таркан се подготвува да настапи на сцената под отворено небо „Харбије Џемал Топузлу“ во Истанбул

Познатиот турски пејач, турската мега ѕвезда Таркан се подготвува да настапи пред своите обожаватели на сцената по отворено небо "Харбије Џемил Топузлу" во Истанбул каде што во септември ќе приреди три концерти.

Таркан поради тоа што минатата година стана татко направи пауза за своите концерти под отворено небо во Харбије ќе настапи на сцена на 20, 21 и 23 септември.

Познатиот пејач по своите концерти во Харбије ќе излезе на европска турнеја и на 6 октомври ќе настапи во "Hammersmith Apollo" каде што ќе ги испее своите обожавани песни. 

Таркан во рамките на својата турнеја по Европа на 26 октомври ќе настапи во Манхајм во Германија, на 14 ноември во Амстердам во Холандија, на 16 ноември во главниот град на Австрија Виена, на 30 ноември во швајцарскиот град Цирих и на 21 декември во германскиот град Келн. 

Турската мега ѕвезда Таркан како последно го издаде својот албум по име "10".



Слични вести