На денешен ден, 14 август

На денешен ден 1974 година, откако Женевската конференција меѓу Турција, Велика Британија и Грција навлезе во безизлез, Турција ја започна втората фаза од Мировната операција на Кипар и турската војска влезе во главниот град Лефкоша

1252211
На денешен ден, 14 август

... На денешен ден 14 август 1893 година, за прв пат во светот во Франција им беа поставени регистарски таблички на автомобилите.

... На денешен ден 1908 година, првиот натпревар за мис на светот, т.ј. најубавата жена на светот се одржа во градот Фолкстон во Велика Британија.

... На денешен ден 1941 година, американскиот претседател Франклин Рузвелт и Британскиот премиер Винстон Черчил го објавија Атлантскиот договор против Нацистичка Германија.     

... На денешен ден 1945 година, на крајот на Втората светска војна јапонскиот император Хирохито соопшти дека неговата земја безусловно се предава.

... На денешен ден 1947 година, Велика Британија и даде независност на Индија. Откако лидерот на Индиската муслиманска унија Мухамед Али Џинах и лидерот на Конгресна партија Пандит Нехру го прифатија британскиот план земјата беше поделена на два дела, Индија и Пакистан.    

... На денешен ден 1974 година, откако Женевската конференција меѓу Турција, Велика Британија и Грција навлезе во безизлез, Турција ја започна втората фаза од Мировната операција на Кипар. Турската војска влезе во главниот град Лефкоша.

... На денешен ден 1992 година, грузиската армија ја окупира автономната област Абхазија.

... На денешен ден 2005 година, патничкиот авион во сопственост на авиокомпанијата Хелиос се сруши во северниот дел на Атина. Во несреќата животот го загубија 121 лице.

... На денешен ден 2006 година, војната помеѓу Хезболах и Израел заврши со потпишување на примирје. Либанската армија и Мировните сили на Обединетите нации (ОН) беа распоредени во Јужен Либан.
 



Слични вести