Дали знаете 31/2019

Телќари е уметност на изработка на тродимензионални предмети со тенка златна или сребрена жица, со создавање на различни дезени

1252538
Дали знаете 31/2019

Дали знаете дека телќари, односно изработката на сребро или филигранство, е уметност која што била родена пред илјадници години во Анадолија, во градот Мардин?

Телќари е уметност на изработка на тродимензионални предмети со тенка златна или сребрена жица, со создавање на различни дезени. Тоа е уметност, која што е родена и развиена во Анадолија, во градот Мардин.

Уметникот кај изработката на телќари, секој вид на материјал кој што ќе го користи, го изработува самиот. Откако ќе завршат сите изработки, мајсторот датумот и својот потпис ги става на најуочливиот дел на предметот. Изработката на полирање со рачно пенкало или перо, сеуште продолжува како вид традиција на малиот број мајстори од Мардин кои што останале до денеска.

Според археолошките пронајдоци, минатото на телќари уметноста на изработка на сребро се протега до 3000-дитата година пред новата ера. Оваа уметност била донесена како традиција до денеска од страна на Асирците кои живееле на просторите на Месопотамија.

Телќари која што во времето на Османлиите наоѓаше големо интересирање и голема популарност, и во тие години беше прифаќана како гранка на уметност која што беше истоветена со Асирците.

Истата состојба важеше и до блиско време. Меѓутоа во последните години, заедно со Асирците со оваа уметност почнаа да се бават, односно да покажуваат интересирање кон оваа уметност и муслиманите. 
 



Слични вести