На денешен ден, 13 август

На 13 август 1956 година почина британскиот новинар и историчар Херберт Џорџ Велс кој е едниот од двајцата предводници на научнофантастичниот жанр и е писател, автор на познатите дела „Врменеска машина“ („Времеплов“) и „Војна на световите“

1251839
На денешен ден, 13 август

... На денешен ден 13 август 1889 година, Германецот Фердинанд фон Цепелин го доби патентот на балонот кој што може да лета, а кој беше негов сопствен изум и кој го нарече по своето име „Цепелин“. 

... На денешен ден 1905 година, Норвешка со одржаниот референдум се оддели од Шведска. Земјата со прогласување на данскиот принц Чарлс за норвешки крал стана целосно независно кралство.

... На денешен ден 1954 година, пакистанската национална химна за прв пат беше испеана преку пакистанското радио. Пакистан во 1974 година по крвава борба се оддели од Индија која тогаш беше колонија на Велика Британија и ја прогласи својата независност.Индија во 1971 година повторно доживеа една поделба и се појави денешната држава Бангладеш.

... На денешен ден 1956 година почина британскиот новинар и историчар Херберт Џорџ Велс кој е едниот од двајцата предводници на научнофантастичниот жанр и е писател (автор) на познатите дела „Врменеска машина“ („Времеплов“) и „Војна на световите“.

... На денешен ден 1961 година, започна изградбата на „Берлинскиот ѕид“ кој беше симболот на
Студената војна и го делеше градот на два дела. Берлинскиот ѕид долг 46 километри источниот и западниот дел на Берлин ги делеше физички на два дела во текот на 30 години.                                  

... На денешен ден 1966 година, Мао Зедонг ја прогласи Културната револуција во Кина. Движењето кое што продолжи 10 години остана врежано во мемориите со апсењата и егзекуциите.

... На денешен ден 1987 година, американскиот претседател Роналд Рејган ја призна својата одговорност во скандалот „Иран-Контра“. Скандалот се појави откако беше дознаено дека САД приходите заработени од илегалната продажба на оружје на Иран им ги доставувале на антикомунистичките контра групи кои се обидувале да ја соборат социјалистичката влада во Никарагва.



Слични вести