„Културни прошетки Евлија Челеби“ од Претседателството на Турците во странство и роднински заедници

Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB), секоја годинa реализира програма „Културни прошетки Евлија Челеби“, а со цел зацврстување на врските на младите во странство со Турција и промовирање на националните духовни вредности

1251834
„Културни прошетки Евлија Челеби“ од Претседателството на Турците во странство и роднински заедници

Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) со програмата „Културни поршетки Евлија Челеби“ им дава можност на младите граѓани кои живеат во странство да ги откријат историските и културните места и знаменитости на Турција.

Според објавеното писмено соопштение од „YTB“, секоја година се реализира програма „Културни прошетки Евлија Челеби“, а со цел зацврстување на врските на младите во странство со Турција и промовирање на националните духовни вредности.

Во рамките на проектот се има за цел младите кои живеат во странство не само своите родни места да ги посетат и богатите градови на Турција од аспект на историјата и културата, како и да ги зацврстат своите врски на припаѓање на својата татковина.

Пријавувањата за програмата за поддршка коишто се отворени за турските граѓански организации и образовните институции започнаа на 1 јуни.

Кандидатите можат да се пријават до 16 декември на адресата www.ytb.gov.tr

За младите кои ќе бидат примени во проектот во текот на 10 дена ќе се организраат прошетки низ цела Турција и работилници на тема уметност, книжевност и цивилизација.

За рути коишто ќе ги посетат младите се определени следните: Истанбул - Бурса - Чанаккале - Едирне, Истанбул - Анкара - Конјаг - Невшехир и Орду - Гиресун - Трабзон - Ризе.

Освен тоа во рамките на проектот меѓу местата коишто ќе се посетат се наоѓаат и "Рутата година на Ѓобеклитепе" која што ги опфаќа градовите Шанлиурфа - Мардин - Газиантеп - Хатај и "Рутата 100. годишнина национална борба" со која што се опфатени градовите Самсун - Амасја - Сивас - Ерзурум - Анкара.

Во рамките на програмата се предвидува да се подготват како проект и едукациски прошетки во однос на одредени теми како што се историја, архитектура, наука и технологија, социјални услуги и книжевност.



Слични вести