Празникот Курбан бајрам

Анализа на проф. д-р Кудрет Буљбуљ, декан на Факултетот за политички науки при универзитетот Јилдирим Бејазит во Анкара

1250935
Празникот Курбан бајрам

Празникот Курбан бајрам: Приближување до таквата (богобојазност), начелата, доблеста

Животот е долг маратон, напорна трка. Животот е постојан напор да се постигне нешто. Можеме да постигнеме многу работи во животот, но секогаш има мала празнина во нашите срца. Додека постојано трчаме под притисокот да успееме, понекогаш сакаме да застанеме и да се фокусираме на она што го запоставуваме. Кој меѓу нас не сака да се сеќава на она што го изгубивме меѓу модерните, постмодерни, пост-вистинските осцилации, она што не можевме да го пренесеме на нашата иднина, нашите деца, на она што нè прави да бидеме ние и повторно да се исполниме со стариот дух?

Бајрам е добро време за вакви работи. Бајрам е време кога треба да застанеме во вртлогот на животот, да се освестиме и исчистиме духот.

Курбан - традиција долга 4000 години: Повторно и уште еднаш го славиме Курбан Бајрам. Класичните извори тврдат дека хазрети Ибрахим, кој беше признат за божји пратеник од страна на сите три религии, (јудаизмот, христијанството и исламот), живееше во 2000 година п.н.е. Ибрахим за да ја докаже својата верност кон Аллах, сакаше да го жртвува дури својот син Исмаил во име на Аллах. Откако беше утврдена верноста на Ибрахим, уште од периодот на првиот овен кој беше поднесен како жртвен добиток на местото на детето, поднесувањето жртвен добиток – курбан  и оваа традиција стара е околу 4 илјади години. Навистина се пресреќни првиот овен и првите жртвени добитоци кои се жртвуваа во името и честа и продолжува да служи на можеби најдревната, најстарата и најсвета традиција, начело, доблест.

Курбанот – жртвениот добиток е споделување, нафака: Замислете традиција која за време на одбележувањето, месото на жртвениот добиток се споделува на сите оние коишто имаат потреба и претставува глобален  ритуал. Празник кој во знак на благодарност и во другите времиња се поттикнува да се продолжи со цел месото на жртвениот добиток кое ќе се исече да се подели на другите кои имаат потреба.

Во период кога современиот човек живее на хедонистички начин, трча по сопсвените задоволства, мислејќи дека сфаќањето да се живее за другите, споделувањето на сето она што го заработиле се смета дека припаѓа на времињата од минатото, во суштина претставува апел кој ги надминува сите па дури и ерата на жртвување.

Курбан е сеќавање, посета на родниот крај: Курбан не е само поделба на материјалното добро, туку истовремено и споделување на чувставата и емоциите. Додека од една страна жртвата значи спомен и сеќавање на Аллах, бидејќи му се посветува нему, Курбан исто така од аспект на празничното одбележување претставува сеќавање на нашите сопружници, пријатели, родители кои сеуште живеат или починале. Курбан значи поминување време со најсаканите луѓе што ги занемаруваме во трката за подобар живот и брзината на современиот живот. Оние кои се премногу окупирани со метежот на животот, можеби доволно не ја сфаќаат вредноста на сеќавањето. Но, што е со оние што чекаат цела година некој да се сети на нив, некој да им заѕвони на вратата? Што е со оние што чекаат да дојдат оние што ги израснале, да дојдат и да им ги бакнат рацете? Може ли да се измери вредноста на бајрамскиот празник за нив?

Курбан е поддршка за сирачињата и возрасните: Споделувањето на месото на курбанот  и одбележувањето на празникот започнуваат од најблиската средина. Но, нема ограничување, бидејќи душата и срцето немаат ограничување. Бајрам започнува со посета на возрасните, сирачињата и продолжува со испраќање на месото на жртвениот добиток во знак на сочувство до луѓето и сираците во далечните земји, со цел да се покаже се грижиме и за нив.

Курбан претставува еден вид духовно чистење, приод кон таква (богобојазност) и добротворни цели: Самиот збор Курбан, во поширока смисла значи жртва, изнесување бескрајна благодарност, дарување, поднесување жртва. Курбанот претставува еден вид средство за приближување до Аллах. Ако не е така, тогаш значењето на зборот курбан да ви го пренесеме преку еден ајет во кој се истакнува: „Ниту месото, ниту крвта пристигнува до Аллах. До Него пристигнуваат само вашата таква (богобојазност, добра волја, искреност, свеста за одговорност). На тој начин Аллах ви ги подари курбаните со цел да се освестите за неговата големина и дека сте на прав пат. Тоа е предвесник за добротворците.

Денес зарем основните потреби на целото човештво од исток до запад не се токму овие вредности? Почитувањето на начелата, вредностите, доблестите, споделувањето,  добрата намера, искреноста, одговорноста, односно однесувањето според овие вредности. Не треба да заборавиме дека празникот Курбан бајрам има посебно и големо значење особено за источните заедници кои се борат со сиромаштија и се обидуваат да егзистираат, во споредба со запад и западните општества каде што луѓето се изгубиле во изобилието, се депримирани поради осаменоста и оттуѓеноста.

Курбан е откажување и напуштање: Курбан е над сите горенаведени поими, по потреба жртвување на сиот имот, богатство и животот. Приближувањето до Аллах не значи во буквална смисла само приближување до него, туку приближување до неговиот карактер. Приближување до се што не носи до него, откажување и напуштање на се и сешто што не оддалечува од Аллах. Откажување од сето она што не спречува да бидеме праведни, добри, вербата за споделување и сите други лоши работи и дејствија.

Курбан претставува пресметување, совест и можност: Празникот курбан бајрам претставува можност да се покаже дека на животот не треба да се гледа само од материјален аспект и интерес, дека животот не може да се објасни само со наведените поими, туку дека постојат и некои други работи како што е предавањето на бескрајноста, бескрајната правда, совест и можност.

Курбан е еден вид предавање: Она што е важно за човекот е да се однесува според она што е законски, легитимно, халал и прифатливо. Бидејќи сè што е легитимно не значи дека е и легално, сè што е легално не значи дека е и халал, сè што е халал не значи дека е прифатливо.  Во законитоста/легалноста се бара и е потребно правото,  во општеството легитимноста, во исламот халал и во душата моралот. Додека во секојдневниот живот често покажуваме спротивни трендови. Многу тешко ни паѓа да се ​​предадеме на правдата, добрината, доблеста, поради што тоа честопати е и наш предизвик. Без оглед на тоа колку и да е тешко, предизвикува голема и неиздржлива болка и тага, можеме да се предадеме на сите овие предизвици без да бидеме повредени, не знам дали ќе остане некој нерешлив проблем меѓу луѓето во светот.

Додека нашите курбани четири илјади се предадени на божествената правда, камоли и ние без никакво колебање да можеме да му се предадеме на Аллах.

Поетот Абдурахим Каракоч во песната „Немој да ме повредиш“ на еден преубав начин го опишува предавањето на сите овие убавини:

„Патиштата се долги, патиштата се тесни

Патиштата се скратуваат кога ќе дојде љубовта

Легни и стани курбан исто како и Исмаил

Ножот да не се повреди од тебе“

Со желба секогаш да бидете блиски до правдата, начелата, вредностите, таквата, да бидете жртва, да се предадете на патот на правдата и да живеете со човечки и хумани чувства, искрено и од се срце ви го честитам празникот Курбан Бајрам. Тагата се намалува кога се споделува со другите, среќата се зголемува кога се споделува со другите. Посакувам човештвото празникот Курбан Бајрам да го помине без тага, во спокојство и мир.



Слични вести