Светски познатата поп-ѕвезда Џенифер Лопез приреди концерт во Анталија

Концертот го гледаа 2.500 лица и траеше 2 часа, а меѓу гледачите освен голем број познати личности беа и фудбалерите на Анталјаспор, раководителите на клубот и светски познатиот поранешен холандски фудбалер Кларенс Седорф

1249247
Светски познатата поп-ѕвезда Џенифер Лопез приреди концерт во Анталија

Светски познатата поп-ѕвезда Џенифер Лопез приреди концерт во Анталија.

Лопез истакна дека чувствува радост од тоа што по изминати долги години повторно се наоѓа во Турција.

Концертот го гледаа 2.500 лица и траеше 2 часа, а меѓу гледачите освен голем број познати личности беа и фудбалерите на Анталјаспор, раководителите на клубот и светски познатиот поранешен холандски фудбалер Кларенс Седорф.

Џенифер Лопез, освен својата нова песна „Medicine“ ги испеа сите нејзини хит песни меѓу кои и „On The Floor“, „Aint It Funny“  и „Love Don't Cost a Thing“.

Лопез на сцената привлече внимание со нејзините танцеви и костими, а исто така во дует со неја настапи и нејзината ќерка Emme Anthony со која заедно испеаја една од нејзините песни, со што ги зачуди своите обожаватели.

Сцената и кулисот на Џенифер Лопез беа специјално дизајнирани за неја и беа украсени со бели ружи одгледани во градот Испарта.



Слични вести