Дали знаете 30/2019

Лалето најпрвин било проширено од Азија кон Запад низ трговските патишта, а потоа заедно со Турците Селчуци пристигнало во Анадолија каде што почнало да ги краси Селчуцките градини и ѕидовите на сараите

1249535
Дали знаете 30/2019
lale 1.jpg
lale halisi (3).jpg
lale.jpg

Дали знаете дека лалето во Холандија која денеска е најголем производител во светот, било однесено од Истанбул?

Лалето најпрвин било проширено од Азија кон Запад, низ трговските патишта. Потоа заедно со Турците Селчуци, пристигнало во Анадолија каде што почнало да ги краси Селчуцките градини и ѕидовите на сараите.

По формирањето на Османлиската држава, лалето продолжило да ги краси сите сфери од животот. Мотивите на лале биле употребени на украсите на кафтаните, кошулите на султаните, шлемовите на војниците, уздите на коњите и ѕидовите на сараите, дворците и џамиите.

По освојувањето на Истанбул во 1453 година новиот привлечен центар на лалето станал Истанбул. Од донесените лалиња од Крим, Сирија и други места, биле добиени нови видови лалиња.

Запознавањето на Европа со лалето пак, е во втората половина на 16-от век. Според различни извори, периодот кога лалето почнало да се забележува во Европа бил периодот од 1555 и 1562 година. Меѓу растенијата кои што амбасадорот т.ј. посланикот на Австро-унгарскиот император кај Османлискиот султан Сулејман законодавецот, Огиер Гиселин де Бузбек, ги однел од Истанбул во Европа, имало и главчиња на лале.

Лалето го привлекло вниманието на Бузбек кој главчињата на ова растение т.ј. цвеќе му ги дал на неговиот другар експерт по ботаника Каролус Клусиус кој пак лалето им го претставил на Холанѓаните. И така, со текот на времето лалињата кои што биле однесени од Истанбул станале национално цвеќе и обележје, симбол на Холандија.
 



Слични вести