За годинашните награди „Срцето на Сараево“ ќе се натпреваруваат 53 филмови

На годинашниот фестивал за наградите „Срцето на Сараево“ ќе се натпреваруваат вкупно 53 филмови од кои 9 долгометражни и 14 кусометражни филмови, 16 документарни филмови и 14 студентски филмови

1238967
За годинашните награди „Срцето на Сараево“ ќе се натпреваруваат 53 филмови

Во Босна и Херцеговина во периодот од 16 до 23 август ќе се одржи 25. Сараевски филмски фестивал (СФФ).

На годинашниот фестивал за наградите „Срцето на Сараево“ ќе се натпреваруваат вкупно 53 филмови од кои 9 долгометражни и 14 краткометражни филмови, 16 документарни филмови и 14 студентски филмови.

Во рамките на филмскиот фестивал во историската зграда на Националниот театар во главниот град Сараево, оваа година ќе се одржат светските премиери на 23 филмови.

На годинашниот  25. Сараевски филмски фестивал (СФФ) освен од земјата домаќин Босна и Херцеговина, ќе се натпреваруваат филмови и од земји како Турција, Северна Македонија, Албанија, Ерменија, Австрија, Азербејџан, Бугарија, Хрватска, Јужната кипарско-грчка управа, Грција, Грузија, Унгарија, Косово, Малта, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија и Словенија.

На фестивалот кој што почна да се организира со цел да се избришат трагите на крвавата војна во Босна и Херцеговина во периодот од 1992 до 1995 година и главниот град Сараево повторно да биде доведен во положба на културно-уметнички центар, оваа година ќе се одржат меѓународните премиери на 4 филмови, регионалните премиери на 24 филмови и националните премиери на Босна и Херцеговина на 2 филма.

На Сараевскиот филмски фестивал (СФФ) на кој што во текот на четвртина век колку што се одржува, досега учествуваа голем број светски познати актери и филмски работници како Роберт де Ниро, Анџелина Џоли, Бред Пит, Орландо Блум, Даниел Крег, Џон Малковиќ, Морган Фриман, Жерар Депардије и Нури Билге Џејлан.

 



Слични вести