Во Александрија откриени остатоци на еден антички град од Римскиот период

Според археолошките остатоци на еден мал театар, императорски амам и универзитет со 22 предавални градот датира од 4 до 6 век п.н.е..

1238878
Во Александрија откриени остатоци на еден антички град од Римскиот период

Во Александрија во Египет беа откриени остатоци на еден антички град од Римскиот период.

Претседателот на Установата за историски споменици на Египет Ејмен Ашмави во писмената изјава истакна дека како резултат на заедничкото истражување на египетските и полски археолози во локалитетот во Александрија беа откриени остатоци на еден антички град од Римскиот период.

Според археолошките остатоци на еден мал театар, императорски амам и универзитет со 22 предавални кои што беа откриени беше утврдено дека градот датира од 4 до 6 век п.н.е..

Инаку Римјаните во периодот од 30 година п.н.е. до 641 година владееја во Египет. Историчарите овој период во Египет го нарекуваат Римски и Византиски Египет.



Слични вести