Дали знаете 28/2019

Античкиот град Гордион е едниот од најимпресивните антички градови кои што се наоѓаат во внатрешните делови на Анадолија

1237418
Дали знаете 28/2019
gordion antik kenti isp
gordion.jpg

Дали знаете дека античкиот град Гордион е едното од најстарите населени места во Анадолија?

Античкиот град Гордион е едниот од најимпресивните антички градови кои што се наоѓаат во внатрешните делови на Анадолија. 

Минатото на градот се протега до 3000-дитите години пред новата ера. За време на археолошките ископувања во античкиот град на оддалеченост од 29 километри од главниот град Анкара се пронајдени дела и предмети на голем број различни цивилизации.

Градот во 800’тите години пред новата ера од страна на кралот на Фригија Гордиос бил прогласен за престолнина на кралството.

Во времето на Мидас кој седнал на кралскиот престол по него, ги доживеал своите најблескави денови. И покрај тоа што од она блескаво и славно минато на градот до денеска останале само темелите на куќите, можат да се видат и остатоци од помали или поголеми градби. Меѓутоа, она кое што привлекува најголемо внимание надвор од главните градби на градот, е оној единствен и неприкосновен изглед кој што го создаваат Тумулусите каде што биле закопани Фригиските кралеви и благородниците. Така во околината на Гордион има повеќе од 100-тина од овие спомен гробници. Најголемиот од нив е тумулусот на Мидас кој што бил поставен во име на кралот Мидас. Овој тумулус е прилично голем и за да се стигне до собата во која се наоѓа гробот треба да се следи крајот на еден тунел во должина од 80 метри. Овде се наоѓа негибнат гроб изграден од дрво на кој што му нема сличен на друго место.

Во музејот во близина на античкиот град, можат да се видат историските дела кои што се наоѓаат овде. Освен тоа, голем број предмети и дела кои што биле извадени од античкиот град Гордион можете да видите и во Археолошкиот музеј во Истанбул и во Музејот на Анадолските цивилизации во Анкара.
 



Слични вести