Дали знаете 27/2019

Идејата за „Бавен град“ (Cittaslow) која што се појави во 1999 година, денеска е проширена низ целиот свет, а од Турција во ова движење членуваат голем број градови т.ј. населени места и од Турција

1237371
Дали знаете 27/2019

Дали знаете дека во Движењето „Бавен град“ (Cittaslow)  кое што буди голема заинтересираност во светот, членуваат голем број градови т.ј. населени места и од Турција?

Идејата за „Бавен град“ (Cittaslow) која што се појави во 1999 година, денеска е проширена низ целиот свет. За да би бил наречен еден град „Бавен град“ треба да исполнува 70 одделни критериуми. Во вреднувањето, освен различни сфери како животната средина, инфраструктурата, градскиот живот, туристичките политики, се земаат за основа и политики како уметноста, социјалната кохезија и гостопримството.

Критериумите кои што се поставени за Мрежата на бавен град во која можат да станат полноправни членки само локални управи со помал број на население од 50 илјади; целат кон одржлив и спокоен живот во еден град.

Градовите членови на мрежата на Бавен град/Cittaslow се контролираат според меѓународни стандарди и доколку ги исполнуваат потребните критериуми заедно со движењето на Cittaslow за планирано економско стеснување се стекнуваат со право да го виорат  „Знамето на полжав“ кое што го споделуваат.

Најпрв одликуван град на Турција со титулата „Бавен град“ е населеното место Сеферихисар кај градот Измир. По Сеферихисар кој во 2009 година беше одликуван како „Бавен град“, со оваа титула беа одликувани голем број наши градови и населени места.

Така Акјака кај Мугла, Егирдир кај Испарта, Ѓокчеада кај Чанаккале, Герзе кај Синоп, Ѓојнук кај Болу, Халфети кај Шанлиурфа, Мудурну кај Болу, Першембе кај Орду, Савшат кај Артив, потоа Таракли кај Сакарја, Узундере кај Ерзурум, Визе кај Киркларели, Јалвач кај Испарта, Јенипазар кај Ајдин, Ќојџегиз кај Мугла и Ахлат кај Битлис се наши други населени места кои се наградени со титулата „Бавен град“ (Cittaslow).
 



Слични вести