Започна периодот на „Стипендии на Турција“ за 2019 година на YTB за 69 млади од 9 земји

Во рамките на програмата „Стипендии на Турција“ досега своите стажеви ги завршија 400 млади, додека оваа година о текот на еден месец ќе добиваат стаж во различни институции на Турција 69 млади од 9 земји

1236751
Започна периодот на „Стипендии на Турција“ за 2019 година на YTB за 69 млади од 9 земји

Во рамките на програмата „Стипендии на Турција“ во организација на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB), а наменета за младите граѓани кои живеат во странство и своето образование го продолжуваат во земјите во кои престојуваат, 69 млади од 9 земји во текот на еден месец ќе бидат на стаж во различни институции на Турција.

Според објавеното писмено соопштение од Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB), состанокот на отворањето на програмата „Стипендии на Турција“ за оваа година се одржа во главната зграда со присуство и на претседателот на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) Абдуллах Ерен. 

Ерен кој се состана со младите кои ќе имаат можност во текот на еден месец да бидат на стаж во различни државни институции и претпријатија на Турција, во говорот што го одржа овде нагласи дека целта на формирање на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) е да ги стави во примена студиите наменети за граѓаните кои живеат во странство.

Освен тоа, Ерен напомена дека се водат безброј студии за заштита на идентитетот и придонес за нивното активно приклучување кон опшствата во кои живеат турските граѓани во земјите во странство во кои престојуваат, а исто така ддоаде дека со посредство на различни програми се има за цел оваа година да бидат донесени во Турција 10 илјади млади.

Инаку, од страна на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) секоја година се организира програма „Стипендии на Турција“ наменета за младите турски граѓани кои живеат во странство и своето образование го продолжуваат во земјите во кои престојуваат, а со цел зајакнување на нивните социјални, културни и економски врски со Турција. 

Со програмата се има за цел, младите кои се стекнуваат со можност за стаж во државните институции во Турција, и да го запознаат одблизу функционирањето на институциите и да ја зајакнат меѓусебната комуникација и да го усобршат владеењето и познавањето на турскиот јазик.

Во рамките на програмата „Стипендии на Турција“, досега своите стажеви во Турција ги завршија 400 млади. Оваа година пак, во текот на еден месец ќе добиваат стаж во различни институции на Турција 69 млади од 9 земји. 

Освен тоа, младите во оваа прилика ќе учествуваат и на културни прошетки, а во рамките на подоброто запознавање со турската култура и историја.



Слични вести