Синоќа во Истанбул се одржа галата на документарниот филм „The Network“ (Мрежата)

Генералниот директор на ТРТ ЕРЕН: „15 јули претставува голема пресвртница во историјата на турската демократија“

1235694
Синоќа во Истанбул се одржа галата на документарниот филм „The Network“ (Мрежата)
the network istanbul1.jpg
the network istanbul2.jpg

Во рамките на проектот што беше започнат од страна на Управата за комуникации при претседателството со цел да се прикаже вистинското и мрачно лице на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), синоќа во Истанбул се одржа гала претставата на документарниот филм „The Network“ (Мрежата) кој беше подготвен од страна на ТРТ ворлд.

Претседателот на Управниот одбор и Генерален директор на Турската радио телевизија (ТРТ) Ибрахим Ерен во изјавата за печатот пред галата во Кампот на ТРТ во населбата Улус во Истанбул рече дека „На 15 јули 2016 година беше извршен обид за воен удар против власта која беше избрана од страна на народот, со цел да се преземе контролата и да се избришат трагите на демократијата која во последните години се стекна со голем интензитет.

Таа долга ноќ која започна вечерта на 15 јули, нашиот народ без оглед на тоа дали беа млади или возрасни, жени или мажи, сите заедно покажаа  храбар и извонреден отпор против пучистите на ФЕТО кои се обидоа да извршат воен удар.

15 јули претставува голема пресвртница во историјата на турската демократија.

Никогаш нема да ја заборавиме и да дозволиме да се заборави таа ноќа како една од организациите која се наоѓаше на списокот на приоритетните кои што треба да се заземат и беше изложена на подмолниот напад.

Со документарниот филм „The Network“ (Мрежата) имаме за цел на целата светска јавност да му го покажеме вистинското лице на терористичката организација ФЕТО и колку голема и глобална закана претставува.

Во тие рамки организираме голем број активности во Русија, Јапонија, Америка, туркофонските републики и низа европски земји. Документарниот филм го преведовме на  9 јазици и тоа англиски, француски, германски, шпански, португалски, арапски, руски, босански и албански, вкупно 9 јазици. Гледачите ќе имаат можност да го видат грдото и мрачно лице на ФЕТО“ рече Ерен.



Слични вести