Специјалитети на турската кујна 28-2019

Чорба од зелена леќа со тестенина

1235321
Специјалитети на турската кујна 28-2019

Денеска ќе ви принесеме уште еден вкус, односно специјалитет од турската кујна. Ќе споделиме со вас еден специјалитет чорба, односно супа; Чорба од зелена леќа со тестенина, т.ј. ериште, како што се нарекува овде во Турција.

Секако ние велиме чорба, меѓутоа тоа не е обична чорба, и толку многу најадува, и е хранлива што би можела да се јаде или принесува и како главна храна или еден цел посебен оброк.

Чорбата од зелена леќа со тестенина, која што претставува извонредно соединување на зелената леќа која што инаку е извор на протеини и на домашна тестенина, и е многу вкусно јадење и се подготвува на мошне лесен начин.  

Најпрвин да ги наброеме потребните состојки за подготвување на нашиот денешен рецепт чорбата со зелена леќа и тестенина:

Една чаша зелена леќа

Половина чаша тестенина (домашни макарони со јајца)

Една супена лажица путер

Четири чаши вода

Една чаша месна супа или пилешка супа

4-5 чаши вода

Половина главичка кромид

Една третина средна лажичка суво нане

Една средна лажичка сол

Една третина средна лажичка едро истолчен црвен лут пипер

Една супена лажичка салца од домати

За подготвување на чорба со зелена леќа и тестенина, првенствено добро измијте ја зелената леќа и попарете ја со топла зовриена вода и оставете ја да чека 4 до 5 минути. Исцедете ја водата. Исецкајте го кромидот на ситни коцки. Стопете го путерот и запржете го исецканиот кромид во путер. Додадете ја и салцата од домати и заедно со исецканиот кромид запржете уште 2 до 3 минути. Потоа додадете ја попарената и исцедената леќа и сварете ги заедно неколку минути. Пилешката супа и водата полека додадете ги во леќата. Додатете ги и солта и другите зачини и оставете да се вари.

Како последно во смесата од леќа која што врие додадете ја домашната тестенина. Ако не можете да најдете тестенина можете да употребите и макарони во пакети. Меѓутоа, ви препорачуваме да изберете од малите видови макарони кои што се варат побрзо.  Откако тестенината или макароните ќе се сварат и ќе омекнат, значи дека вашата чорба со зелена леќа и тестенина е готова.

Ако сакате би можеле да додадете и запржено суво нане во путер и на тој начин да сервирате.

Во поскауваме пријатен апетит!

 

 



Слични вести