Туризмот во Турција 26/2019

Морскиот теснец Чанаккале, односно Дарданелите, е дниот од двете области на премин преку кои се воспоставува врската помеѓу Европа и Анадолија и Средоземното Море и Црното Море

1234368
Туризмот во Турција 26/2019
Türkiye-de Turizm_Çanakkale_1.jpg
Türkiye-de Turizm_Çanakkale_4.jpg
Türkiye-de Turizm_Çanakkale_2.jpg
çanakkale 3.png
Türkiye-de Turizm_Çanakkale_5.jpg
çanakkale 1.png

Чанаккале, е град кој што е формиран на двата брега на морскиот теснец кој што ги одделува еден од друг двата континента Европа и Азија, во северозападниот дел на Турција. Се наоѓа на местото каде што се соединуваат Анадолија и Тракија. Поради својата местоположба располага со доста богата историја.

Познато е дека Чанаккале било место на населување уште од 3000-тата година пред новата ера.

Морскиот теснец Чанаккале, односно Дарданелите, едниот од двете области на премин преку кои се воспоставува врската помеѓу Европа и Анадолија и Средоземното Море и Црното Море. 

Оваа состојба низ историјата била причина да стане цел на различни миграциски и инвазиски движења.

Во различни периоди дошло до населувања во оваа област за сместување или грабежи; и двете состојби ја интензивирале акултурацијата, односно културната размена. Ова културно мешање низ вековите траело со повремени прекини; на крај се појавил еден доста колоритен културен мозаик.

На најтесното место на морскиот теснец во времето на османлискиот владетел Фатих Султан Мехмет, односно Мехмед втори освојувачот, биле иградени калиња и тоа на европскиот брег Калето Килитбахир, на анадолскиот брег Султаније или Калето Чанак. Името на градот потекнува од Калето Чанак на анадолскиот брег.

До 1200-тите години пред новата ера во областа живеел тројанскиот народ. Со Тројанските битки дошле Ахајците, а со егејските миграции се населиле различни племиња. Потоа започнал мрачен период од аспект на пишаната историја во Анадолија.

Потоа редум влегол под владенијата на Лидиското кралство, Персијците, Македонското кралство, Римската Империја и Византиската Империја. Со зајакнувањето на Османлиската држава во областа, бил приклучен кон турските територии.

Името Чанаккале истовремено се споменува заедно со едната од најголемите војни во историјата.

Во годините на Првата светска војна, Англичаните и Французите кои сакаа да го преминат морскиот теснец Чанаккале, да го заземат Истанбул и да преминат во Црното Море, го опколија морскиот теснец. Турската армија, во оваа војна која стана прашање на смрт или живот, педа по педа ја одбрани оваа област и не дозволи да се премине преку морскиот теснец Чанаккале. Нападите од копно и од море беа успешно одбиени и турската армија извојува победа која премина во историјата.

Националниот парк на полуостровот Гелиболу, односно Галиполе, кој се наоѓа во границите на градот Чанаккале и каде што беа водени најкрвавите судири во годините на Првата светска војна, речиси е во положба на воен музеј. Овде има изградени споменици и алеи на десетици илјади паднати борци на турската армија кои јуначки ги бранеа татковинските територии и ги положија своите животи.

Освен тоа овде има изградени споменици и во чест на окупаторските сили, односно за војниците на Англија, Франција, Австралија и Нов Зеланд.

Ако сакате да станете сведоци на трагите на битките на Чанаккале, места кои што би можеле да ги посетите е анзачкиот залив, калето Килитбахир, табјата (ровот) Намазѓах, Џонкбајири, споменикот Јалниз Чам, алејата на 57-тиот полк, калето Седдубахир и споменикот алејата на паднатите борци (шехидите). Разрушувањата и болките на војната можат да се забележат низ целиот полуостров Гелиболу, односно Галиполе.

Во Анзачкиот залив каде што за време на битките на Чанаккале беа истоварени анзачките војници и овде претрпеа тешки загуби, секоја година на 25 април се одржуваат комеморации во нивна чест. Внуците на страните кои тогаш војуваа на овие комеморации учествуваат заедно со исти чувства; ја споделуваат истата тага.

Поради ова негово посебно историско минато Националниот парк на полуостровот Гелиболу, се наоѓа меѓу најпосетуваните национални паркови во светот.

Ако отидете во Чанаккале ние од овде ви препорачуваме освен гробиштата на паднатите борци (шехидите) на полуостровот Гелиболу, сигурно да го посетете и археолошкиот локалитет Троја кој што се наоѓа во списокот на светското наследство на УНЕСКО.

Меѓу другите места кои што треба и вреди да се посетат во Чанаккале се и светилиштето на Атена во Асос, планините Каз во митологијата позната по името Ида каде што се одржал првиот натпревар за избор на мис во историјата и островите Ѓокчеада и Бозџаада.



Слични вести