Документарниот филм „The Network“ во кој се раскажува за ФЕТО, прикажан во Берлин

документарниот филм по име „The Network“ („Мрежа“) во кој се раскажува за грозоморното и вистинско лице на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), вчера беше прикажан и во главниот град на Германија, Берлин

1234120
Документарниот филм „The Network“ во кој се раскажува за ФЕТО, прикажан во Берлин

Вчера во главниот град на Германија, Берлин, беше прикажан документарниот филм по име „The Network“ („Мрежа“) во кој се раскажува за грозоморното и вистинско лице на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), а кој е подготвен  од страна ТРТ Ворлд (TRT World), телевизиски канал на Турската радио и телевизија ТРТ кој што емитува на англиски јазик, во рамките на проектот започнат од страна на Одделот за коминикации во кабинетот на претседателството.

Прикажувањето на документарниот филм снимен од страна на познатиот британски новинар Ендрју Вилсон, се одржа во кино салата „Ал Хамбра“ во Берлин.

Голем број гледачи покажаа голема заинтересираност за „The Network“ („Мрежа“) во кој се раскажува за вистинското лице на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), така што салата беше целосно исполнета.

На прикажувањето на документарниот филм учествуваа и амбасадорот на Турција во Берлин Али Кемал Ајдин, Генералниот конзул во Берлин Мустафа Челик, амбасадорот потсекретар во турското Министерство за надворешни работи Уфук Гезер и голем број други поканети гости.



Слични вести