Документарниот филм во врска со ФЕТО „The Network“ прикажан во Лондон и Тирана

Во главниот град на Велика Британија, Лондон и во главниот град на Албанија, Тирана е прокажан документарниот филм „ „The Network“ кој го изнесува вистинското, грозоморно и крваво лице на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО)

1232607
Документарниот филм во врска со ФЕТО „The Network“ прикажан во Лондон и Тирана
the network belgeseli.jpg
the network belgeseli1.jpg
the network belgeseli2.jpg
buyukelci umit yalcin.jpg
murat ahmet yoruk.jpg

Документарниот филм по име „The Network“ кој што е подготвен од страна на ТРТ Ворлд (TRT World) во рамките на проектот на Одделот за комуникации во кабинетот на претседателството и во кој се раскажува за грозоморното и вистинско лице на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), беше прикажан во Лондон-Велика Британија и во Тирана-Албанија.

Документарниот филм кој што е прикажан во главниот град на Велика Британија, Лондон, во соработка со Институтот „Јунус Емре“ и кој е снимен од страна на познатиот британски новинар Ендрју Вилсон, го гледаа голем број гледачи.

Амбасадорот на Турција во Лондон Умит Јалчин кој говореше во рамките на организираната програма привлече внимание дека Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) на 15 јули 2016 година целеше против турската демократија и дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и турскиот народ јуначки се спротивставија на овој обид.  

Нагласувајќи дека обидот за државен удар ја изнезе на виделина големата опасност од оваа терористичка организација која целеше против турската држава и демократија, амбасадорот Јалчин рече: „И покрај тоа што Турција внатре (во земјата) ја продолжува борбата против оваа терористичка организација, ФЕТО се уште продолжува да делува во другите земји од кои повеќето се наши сојузници. Ги злоупотребуваат системите во овие земји, се дочекуваат со толеранција, им се обезбедува заштита.“

Тој подвлече дека документарниот филм го изнесува мрачното лице на ФЕТО и рече: „Организацијата се уште делува во голем број земји во сферите на образование, деловниот свет и медиумите.“

Осврнувајќи се и на значењето од покажување на вистинското лице на оваа организација пред народите на другите земји, а особено пред сојузниците, амбасадорот на Турција во Лондон Умит Јалчин додаде дека од тој аспект овој документарен филм е значаен.

Документарниот филм „The Network“ беше прикажан и во главниот град на Албанија, Тирана.

Амбасадорот на Турција во Тирана Мурат Ахмет Јорук кој говореше на програмата што беше приредена по тој повод, истакна дека ноќта на 15 јули кога беше доживеан обидот за државен удар тенковите и автоматското оружје сееше смрт врз цивилите кои со голи раце и со своите срца исполнети со верба пружаа отпор на улиците.

Објаснувајќи дека обидот за државен удар е извршен од страна на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) која денеска претставува неволја за 160 земји низ светот, вклучувајќи ја и Албанија, амбасадорот Јорук рече: „Оваа организација не е од оние општо познати, класични терористички организации. Оваа организација повеќе е организирана како разузнавачка организација, која ја зема за основа подмолноста, тајноста и промената на својот идентитет и е организација која располага со моќ и способност да се инфилтрира во цивилните и сите официјални, државни институции на земјите во кои се наоѓа.“

Амбасадорот на Турција во Тирана Мурат Ахмет Јорук  воедно преудпреди дека Албанија треба да биде многу внимателна и будна против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО).



Слични вести