Недела на сеќавање на Насреттин Хоџа

Секоја година, неделата од 5 до 10 јули во Акшехир кај градот Конја за кој што се смета дека е родното место на Насреттин Хоџа, се одржуваат манифестации на посветени на овој наш познат хуморист, шегаџија и народен итрец кој се има претворено во традици

Недела на сеќавање на Насреттин Хоџа

Денеска се сеќаваме на Насреттин Хоџа, познат турски хуморист, шегаџија и народен итрец кој се има претворено во традиција и кој претставува извор на најпознатите шеги во нашата земја. 

И покрај тоа што нема многу податоци за неговиот живот општо е прифатливо дека Насреттин Хоџа живеел во Акшехир, кај градот Конја. Се верува дека живеел во времето на османлискиот султан Јилдирим Бејазит.

Насреттин Хоџа е значајна историска личност која со својата духовитост и остроумноста од една страна ги тера луѓето на размислување, а од друга ги насмејува и забавува. Се мисли дека голем број шеги, комични доживувања и хумористични настани кои што му се препишуваат нему, им се случиле или биле доживеани од страна на голем број различни личности, на различни места на една доста широка географија.

Насреттин Хоџа стотици години продолжува да ги осветлува луѓето.

 

 



Слични вести