Во Анкара се одржа 8. церемонија на дипломирање на меѓународните студенти во организација на YTB

На церемонијата беше доживеано воодушевување кај новодипломираните меѓународни студенти на универзитетите во Турција со стипендија на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB)

1230018
Во Анкара се одржа 8. церемонија на дипломирање на меѓународните студенти во организација на YTB
ytb.jpg
abdullah eren.jpg

Вчера со голема манифестација и во радост и забава се одржа 8. церемонија на дипломирање на меѓународните студенти во организација на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB).

На церемонијата беше доживеано воодушевување кај новодипломираните меѓународни студенти на универзитетите во Турција со стипендија на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB).

Ова големо воодушевување и оваа радоста на меѓународните студенти беше споделена и од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој учествуваше на церемонијата.

На церемонијата на која им беа доделени дипломи на 1.500 меѓународни студенти имаше свое обраќање министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој кој на студентите им се обрати со зборовите „Вие веќе сте по еден претставник на принципот светот е поголем од пет.“

Претседателот на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) Абдуллах Ерен во својот говор привлече внимание на значењето на програмата на Претседателството „Стипендии на Турција“.

Велејќи дека на дипломците од Турција им припаѓаат задачи, Ерен рече: „Се надеваме дека вие како доброволни амбасадори во вашите земји ќе ја продолжите оваа визија во однос на прашањето дека Турција е поголема од Турција и дека Турција претставува надеж за светот. Ние исто така ќе продолжиме да го носиме овој аманет заедно со вас.“

Успешните суденти своите дипломи ги добија лично од претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

8. церемонија на дипломирање на меѓународните студенти заврши со фрлање во воздух на студентските капи.



Слични вести