Фондацијата „Маариф“ на Турција (TMV) ги презеде училиштата на ФЕТО во Етиопија

Членот на Одборот на доверители на Фондацијата „Маариф“ на Турција (TMV) Џихад Демирли истакна дека овие училишта во градот Харар се првите преземени училишта во Етиопија и дека во тек се работите за преземање и на останатите училишта во другите градови

1229957
Фондацијата „Маариф“ на Турција (TMV) ги презеде училиштата на ФЕТО во Етиопија

Фондацијата „Маариф“ на Турција (TMV) ги презеде училиштата на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО во историскиот град Харар во источниот дел на Етиопија.

Делегацијата на Фондацијата „Маариф“ на Турција (TMV) составена од членот на Одборот на доверители доц. д-р Џихад Демирли, директорот на Фондацијата во Етиопија Левент Шахин и заменик-експертот во Канцеларијата за координација за регионот на Африка Билал Јилдирим; го презедоа кампусот на оваа терористичка организација кој што е формиран под името „Здружение Виножито (Rainbow)“ во градот Харар и каде каде што се дава образование на секое ниво почнувајќи од градинка, па сè до гимназија.

Во училиштата кои се наоѓаат под покровителство на Агенцијата на граѓански организации на Етиопија и за кои поради тоа што се поврзани со Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО е одлучено да и бидат предадени на Фондацијата „Маариф“ на Турција (TMV), беше влезено под надзор на голем број етиопски локални и федерални функционери.

Како што се дознава, раководителите на училиштата членови на ФЕТО, претходно го информирале народот дека училиштата ќе бидат продадени и вработените ќе бидат отпуштени од работа, по што пред постапката за предавање ги напуштиле училиштата. 

Делегацијата на Фондацијата „Маариф“ на Турција (TMV) одржа информативен состанок со претставниците на локалното население и вработените во училиштата.

Покрај училишните згради, во кампусот се наоѓа и болница која сè уште не е активна.

Инаку, во кампусот изграден на земјиште од приближно 8 хектари освен згради каде што се дава образование на децата кои одат во градинка, основно училиште и средно училиште и гимназија, се наоѓа и една болница која се уште не е активна.

Членот на Одборот на доверители на Фондацијата „Маариф“ на Турција (TMV) Џихад Демирли, го изрази задоволството поради преземањето на овие училишта, како резултат на двегодишната работа.

Демирли рече дека овие училишта во градот Харар се првите преземени училишта во Етиопија и дека во тек се работите за преземање и на останатите училишта во другите градови.

Тој напомена дека Фондацијата поседува 272 училишта во 33 земји, а во Африка поседува 127 училишта во 20 земји.

Освен училиштата во градот Харар во Етиопија постојат уште 6 училишта на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО, од кои едно почнало со работа по обидот за државен удар на 15 јули (2016).

Од друга страна, сè уште продолжува и федералната полициската истрага во врска со поднесената кривична пријава минатата година од страна на поранешните вработи на овдешните училишта на ФЕТО против раководителите на училиштата за таење данок и корупции со парите кои што биле собрани како помош. 



Слични вести