Во Анкара се одржува 8. церемонија на дипломирање на меѓународните студенти во организација на YTB

На 8-та традиционална церемонија на дипломирање на меѓународните ученици во организација на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB), која што ќе се одржи денеска во Анкара ќе учествува и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган

1229520
Во Анкара се одржува 8. церемонија на дипломирање на меѓународните студенти во организација на YTB

Денеска во организација на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) во салата за конференции„Congressium“ во Анкарската трговска комора (АТО) во главниот град Анкара, ќе се одржи 8-та церемонија на дипломирање на меѓународните студенти, а на која ќе учествува и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Турција која со посредство на програмата „Стипендии на Турција“ на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) во последните години стана значајна база за едуцирање, им пружа можности  за студирање на студентите од сите страни на светот.

Меѓународните студенти пак, кои студираат на различни универзитети во Турција и тоа на додипломски студии, магистратура (постипломски студии) и докторат, по дипломирањето се враќаат во своите земји и придонесуваат во развојот на сопствените земји и општества. 

Странските студенти по успешното завршување на своите студии во Турција, учествуваат на церемонијата на дипломирање на меѓународните студенти, а потоа ја напуштаат Турција и се враќаат во своите земји.

Во меѓувреме, Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) не ги остава сами дипломираните студенти во Турција и по нивното враќање во своите земји.

Насекаде низ светот се одржуваат програми за Средба на дипломираните студенти во Турција (Дипломците од Турција) со што се зајакнуваат врските меѓу земјите, а со тоа се придонесува и во развојот на политичките, културните, економските и трговските односи.

На тој начин и „Дипломците од Турција“ како доброволни амбасадори на Турција кои бројат приближно 150 илјади членови во 160 земји ширум светот, сочинуваат едно големо семејство.



Слични вести