Младата пијанистка Нехир Озенгин го освои првото место

Младата надежна талентка од Измир на тој начин се стекна со право на одржување концерт на Музичкиот фестивал Арт Нова во Италија

1228716
Младата пијанистка Нехир Озенгин го освои првото место

Турската пијанистка Нехир Озенгин чиј талент беше откриен на 4 годишна возраст, на Меѓународниот натпревар за најдобар пијанист Никола Ди Стефано во Италија го освои првото место.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Универзитетот Јашар, Озенгин која студира на Музичката Академија при Центарот за континуирана едукација, младата студентка 10 години непрекинато продолжува со образованието.

Пијанистката Озенгин на Меѓународниот натпревар за најдобар пијанист Николо Ди Стефано во италијанската покраина Пуља ја освои наградата за најдобра пијанистка во својата категорија.

Младата надежна талентка од Измир на тој начин се стекна со право на одржување концерт на Музичкиот фестивал Арт Нова кој важи за еден од најзначајните на  Италија.

Озенгин како млад талент кој во последните две години удри силен белег на 6 меѓународни манифестации, лани во рамките на 26-от Меѓународен натпревар за најдобар пијанист Кортемилиа во Италија го освои првото место, на Меѓународниот натпревар Моцарт академија второто и третото место, додека на Меѓународниот натпревар Цезар Франк и Меѓународниот натпревар Искја за најдобар пијанист го освои второто место.

Во соопштението беше објавена и изјавата на 14 годишната Озенгин која рече дека секогаш сака музиката да заземе широк простор во нејзиниот живот.

Озенгин меѓудругото истакна дека планира на најдобар начин да ја застапува земјата и додаде:

„Верувам дека сите деца ќе бидат успешни доколку целосно се поддржуваат од страна на родителите. Ме радува податокот дека голем број девојчиња мојот живот го земаат за пример. Се надевам дека освоените награди ќе бидат инспирација за нивните успеси“ рече Озенгин.



Слични вести