Туризмот во Турција 25/2019

Градот Газиантеп, во југоисточно анадолската област на Турција, располага со историја во која се наоѓаат на исто место различните цивилизации и култури и се синтетизираат меѓусебно

1228307
Туризмот во Турција 25/2019
gaziantep 4.jpg
gaziantep 2.jpg
gaziantep 3.jpg
gaziantep 1.jpg
gaziantep baklavası.jpeg

Газиантеп е град во југоисточно анадолската област на Турција. Содржи голем број дела кои што би го привлекле интересирањето на љубителите на историјата и културата.

Газиантеп бил значаен центар за сите држави кои што биле формирани низ историјата. Во времето на Римската Империја бил пограничен град. Во 395 година откако Империјата била поделена на два дела (Источна и Западна) останал во источенната римска империја (Византија). По проширувањето на исламот преминал во рацете на Абасиите.

Газиантеп и околината во 1067 година влегол под владеење на Турците и бил во границите на Анадолската Селџуцка држава. Во средината на 13-от век бил подложен на окупацијата (инвазијата) на Монголците. Од оваа окупација бил спасен од страна на Мемлучката држава. Стабилноста во областа можела да се воспостави со доаѓањето на османлиската власт. И покрај тоа што по Првата светска војна бил подложен на окупација, по големата борба која што беше водена повторно бил приклучен кон турските територии.

Градот Газиантеп располага со историја во која се наоѓаат на исто место различните цивилизации и култури и се синтетизираат меѓусебно. Овде можат да се видат трагите и делата на заедниците кои живееле во ова подрачје уште од антички времиња. Поради тоа што се наоѓа на маршрутата на историскиот Пат на свилата било место каде што навраќале различни цивилизации. Во секој период ја зачувал својата специфичност како културен и трговски центар. Разноликоста на историските дела кои што се наоѓаат во Газиантеп, е показател на културното богатство на градот.

На чело на местата кои што треба и вреди да се посетат се наоѓаат тврдините, т.ј. калињата. Калето на Газиантеп чија изградба се протега дури до вториот век, е едното од највеличествените и најраскошните калиња во Анадолија. Во границите на градот Газиантеп се наоѓаат и други тврдини, т.ј. калиња чија изградба се протега до пред стотици години, а како што се Калето Арабан, Румкале и Калето Тилбашар.

Во границите на населеното место Арабан во градот Газиантеп има 3 спомен гроба кои што датираат од римскиот период, а кои што се оригинални од аспект на анадолската архитектура на спомен гробови.

Црквите кои во османлискиот период им вршеле услуга на граѓаните немуслимани кои живееле  во градот, одиграле значајна задача како  во собирањето на луѓето согласно со нивната функција, така и во определувањето на карактерот на градот согласно нивната положба. Црквата Кендирли, Црквата Азиз Бедрос (Свети Бедрос) и Црквата Низип Февкани се некои од позначајните цркви во градот.

Попознати џамии пак се Џамијата Али Наџар која била изградена веднаш на почетокот на 1200’тите години, Џамијата Омерије, Џамијата Шејх Фетуллах и нејзиното куллије (комплекс од градби) изградени во 16’от век, Џамијата Ејупоглу, Џамијата Алајбеј, Џамијата Ширвани од 17’от век и Џамијата Куртулуш.

Во Газиантеп има голем број анови, како градби кои што имаат значајно место во Селџуцката и Османлиската цивилна архитектура. Така ановите Хишва, Анадолу, Бејаз, Будејри, Бугдај, Ѓумрук, Шеќер, Туз и Тутун во текот на стотици години им овозможиле слободен и безбеден престој на караваните и патниците кои се бавеле со трговија и навраќале овде. Освен тоа овие објекти, анови, вршеле услуга и на вид трговски центар каде што се разменувале производи, т.ј. различни стоки кои што биле носени од далечни места.

Во Газиантеп се уште се користат и еден дел од амамите, кои што исто така се градби кои што располагаат со значајно место во османлиската архитектура.

Едното од најзначајните места кое што би можело да се посети во градот Газиантеп е античкиот град Зеугма. Се наоѓа на оддалеченост од 10 километри од населеното место Низип. Овој антички град бил формиран во 300'тата година пред новата ера од страна на Селевкос Никатор први, едниот од генералите на Александар Велики. Бил многу понапред т.ј. поразвиен во сферата на уметноста од времето во кое се наоѓал. Извонредните мозаични рељефи кои што ги краселе градбите биле во својство и карактеристика со кои што ги оставиле зад себе примерите во светот. Мозаиците кои што биле извадени на светлината на денот во ископувањата кои што биле реализирани само во еден дел на областа, покажуваат дека Зеугма е мозаичен град во вистинска смисла на зборот.

Делата кои што се извадени од античкиот град Зеугма денеска се изложуваат во Музејот на мозаици на Газиантеп, кој се вбројува меѓу најзначајните музеи во светот. Овде се изложува и светски познатиот мозаик „Малата циганка“. 

Газиантеп со сиве овие свои карактеристики секоја година пречекува стотици илјади домашни и странски туристи. 

Ако го посетите овој град, ние од овде ви препорачуваме да ги прошетате историските куќи на Антеп кои што се реставрирани, да купите од рачно изработените производи специфични за подрачјето како што се сребрени работи, бакарџиството, изработката на седеф и јемениџиството, како и да пробате од кафето од Мененгич, како локално кафе специфично за подрачјето.



Слични вести