Претседателот Ердоган ја отвори "Изложбата Ара Ѓулер" во јапонскиот град Кјото

Претседателот Ердоган во градот Кјото во Јапонија ја отвори "Изложбата Ара Ѓулер"

1227501
Претседателот Ердоган ја отвори "Изложбата Ара Ѓулер" во јапонскиот град Кјото

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во јапонскиот град Кјото учествуваше на отворањето на "Ииложбата Ара Ѓулер". 

Претседателот Ердоган во светилиштето Тофукужи каде што се одржува изложбата дојде заедно со својата сопруга Емине Ердоган, а на отворањето присуствуваше и јапонската принцеза Акико.

Претседателот Реџеп Тајјип во говорот што го одржа пред отворањето го изрази своето задоволство од престојот во Јапонија и им се заблагодари на надлежните на светилиштето кои се домаќини на изложбата.

Велејќи дека Турција и Јапонија се земји кои живеат на источниот и западниот дел на Азија кои успеале да ги зачуваат своите културни наследства со коренито историско минато, претседателот Ердоган привлече внимание дека е од крајно значење да се создадат можности со кои што од ова богато наследство би можеле да профитираат и двете општества.

Ердоган истакна дека со таа цел 2019 година е прогласена за година на турската култура во Јапонија и рече: "Се надевам дека во текот на годината ќе организираме голем број манифестации со кои што ќе зајакне уште повеќе древното пријателство помеѓу Турците и Јапонците." 

Претседателот Реџеп Тајјип појасни дека фотографиите кои што ги сликал Ара Ѓулер во текот на својата кариера подолга од половина век го заземаат своето главно место во музеите, колекциите, албумите и изложбите на сите четири страни низ светот.



Слични вести