Туризмот во Турција 24/2019

Градот Конја чие име е истоветено со познатиот турско-исламски мислител, хуманист, поет, мистик и суфија Мевлана Џелалаеддин-и Руми располага со доста богато историско минато

1227004
Туризмот во Турција 24/2019
Mevlana-Müzesi-Camii-Konya.png
Konya Park (6)
Konya Park (4)
konya, şeb-i arus.jpg
Konya.jpg

Конја е град во внатрешно-анадолската област и едниот од назначајните центри на Турција од историски и културен аспект.

Градот чие име е истоветено со познатиот турско-исламски мислител, хуманист, поет, мистик и суфија Мевлана Џелалаеддин-и Руми располага со доста богато историско минато. Се мисли дека населувањето на областа започнало уште во 9000’тите години пред новата ера.

Чаталхојук кој се наоѓа блиску до центарот на градот, е познат како најстар и најразвиен центар на населување од неолитскиот период за кој што се знае, односно кој што е откриен до денеска.

Чаталхојук е центар во кој за прв пат започнала културата на храна во светот, каде се вршело земјоделство, се користел огнот, се преминало кон постојан начин на живеење и се реализирала заедничка одбрана против нападите од диви животни.

Во периодот пред новата ера во Конја владееле Хититите, Фригијците, Лидијците, Персијците, Македонците.

Потоа бил под римско и арапско владеење.

По влегувањето на Турците во Анадолија бил приклучен кон териториите на Селчуцката држава, а потоа на Османлиската Империја.

Денеска градот Конја ги содржи уметничките дела на голем број цивилизации на кои бил домаќин, а кои биле изградени или создадени со различна техника на производство и изградба. Можат да се сретнат остатоци од свети градби кои датираат од 3500’тите години пред новата ера. Освен тоа, во оваа област се наоѓаат и најстарите христијански населени места и најстарите цркви во Анадолија.

Конја кој беше престолнина на Селџуцката држава истовремено беше значаен центар за одморање т.ј. престој и трговија на Патот на свилата.

Беше град каде што се наоѓаат стотици дела на исламската цивилизација и каде се едуцирале и живееле познати исламски научници и мислители на времето.

Во Конја се наоѓаат турбињата (гробовите) на султани кои управувале со Анадолската Селџуцка држава, везири и други познати историски личности, како и вакафски објекти, џамии, медреси и др.

 

Во овој град живеел и се наоѓа гробот и на Мевлана Џелаледдин-и Руми, едниот од најзначајните поети од 13’от век, познат мислител, хуманист, мистик и суфија.

И покрај тоа што изминале стотици години од неговата смрт, Мевлана денеска се уште се споменува во целиот свет по неговите мисли, се цени и неговите дела продолжуваат да се читаат на различни јазици.

Од тој аспект Турбето и Музејот на Мевлана се од големо значење.

На просторот на музејот кој што го опфаќа и Мевлевискиот Дерѓах (свет верски објект), можат да се видат местата каде што престојуваат односно се сместени дервишите, семахането каде што се приредуваат Сема танците, т.ј. танцот на мевлевиските дервиши кои се вртат во круг, фонтаната Шеб-и Арус и месџидот.

Освен тоа, во музејот се изложуваат и делата на Мевлана и за Мевлевиството, книги во ракопис, табели, кандила и музички инструменти.

Во Музејот на Мевлана има и библиотека за специјализација. Во библиотеката се наоѓаат над 4 илјади дела во ракопис од периодот на Селџуците, Караманогуллари и Османлиите.

Сите овие дела се префрлени во дигитална средина и им се ставени во услуга на истражувачите.

Конја е град на џамии, анови и медреси. Најзначајните џамии се џамијата изградена во име на исламскиот научник Шемс-и Тебризи кој предизвикал да дојде до промени во мисловниот свет на големиот Мевлана, потоа џамијата Ипликчи, џамијата Шерафеттин, џамијата Шејх Садреддин Коневи, џамијата Алааддин и џамијата Азизије. Секоја од овие џамии имаат специјални карактеристики.

Воедно медресето Каратај, медресето Инџе Минаре, медресето Сирчали, анот Обрук, анот Зазадин, анот Памукчу, куллијето Сахибата и куллијето Мехмет Паша, се само неколку од историските дела кои што се наоѓаат во градот Конја и кои ќе ве водат назад во изминатите векови.

Градот Конја располага со најголемата Тропска градина на пеперутки на Европа.

Во формирана природна средина во градина со површина од приближно 8000 квадратни метри има десетици видови пеперутки и тропски растенија.

Конја-Силле е значаен центар од раниот христијански период. Овде се наоѓа црквата Аја Елена (Света Елена) која е едната од првите цркви во Анадолија изградена во 300'тите години.

Градот Конја со сиве овие свои карактеристики годишно е посетуван од страна на над 3 милиони домашни и странски туристи.

Ако отидете во Конја ние од овде ви препорачуваме да не се вратите без да го гледате танцот на мевлевиските дервиши кои се вртат во круг, односно танцот Сема во Културниот центар на Мевлана, без да го посетите ридот Алааддин и без да пробате од овдешните извонредно вкусни специјалитети како што се лебот со месо, чорбата од бамија, ќебапот подготвен во фурна и др.



Слични вести