Дали знаете 24/2019

Како што се вели, единствениот народен танц во светот кој што нема своја музика (мелодија) е танцот „Килич-Калкан“ (Сабја-Штит) за кој што се раскажува дека почнал да се игра пред 1326 година

1227022
Дали знаете 24/2019

Дали знаете дека единствениот танц во светот кој нема своја музика, т.ј. е без мелодија, е танцот „Килич-Калкан“ (Сабја-Штит)?

Како што се вели, единствениот народен танц во светот кој што нема своја музика (мелодија) е танцот „Килич-Калкан“ (Сабја-Штит) за кој што се раскажува дека почнал да се игра пред 1326 година. Војниците на кои им се здосадило да чекаат за време на опсадата на градот Бурса почнале да ја играат оваа игра.

Народниот танц од Бурса Килич-Калкан (Сабја-Штит) нема своја музика, туку ритмичките звуци кои што се слушаат од ударот на сабјата и штитот додека се игра, ја сочинуваат сопствената оригинална музика, т.ј. мелодија на овој народен танц.

Поради тоа што во светот не постои друг танц кој што се игра без музика, Килич-Калкан (Сабја-Штит) се оценува за крајно автентичен танц.

Тоа што овој танц кој што се игра веќе приближно 700 години успеал да ги зачува своите фигури исто како во првиот ден и продолжува да се игра на ист начин, е најголемата специфичност на овој народен танц познат по името „Килич-Калкан“ (Сабја-Штит).



Слични вести