Дали знаете 23/2019

Првиот Поморски музеј на Турција е формиран уште во 1897 година во Касимпаша во Истанбул, по наредба на тогашниот министер за поморство Хасан Хусну Паша

1224258
Дали знаете 23/2019
İstanbul Deniz Müzesi
İstanbul Deniz Müzesi

Дали знаете дека првиот поморски музеј во Турција е формиран уште во 1897 година?

Првиот Поморски музеј на Турција е формиран уште во 1897 година во Касимпаша во Истанбул, по наредба на тогашниот министер за поморство Хасан Хусну Паша.

Џемил Паша кој во 1914 година беше министер за поморство, со цел да се направи реформа во музејот и повторно да биде преуреден во музеј во научна смисла, за директор го назначил поморскиот капетан уметникот Али Сами Бојар. Тој пак, за да би биле изградени целосни и полу модели на турски бродови формирал ателјеа (работилници) и со тоа обезбедил значаен придонес за развојот на музејот.

Во периодот на Втората светска војна со цел нивна заштита историските дела биле пренесени во Анадолија, а потоа повторно биле вратени во Истанбул. Музејот во 1949 година бил пренесен во Куллијето (комплексот од градби) на Џамијата Долмабахче, а оттаму во квартот Бешикташ на своето денешно место.

Во Поморскиот музеј во Истанбул се изложуваат сарајски чамци, галии, модели на бродови, знамиња, морнарска облека, ракописи, карти, мапи, слики, тугри и арми, навигациски инструменти за пловидба, макети на бродови и различни видови оружје.

Поморскиот музеј во Истанбул воедно е првиот формиран воен музеј во Турција. 
 



Слични вести