Денови на турската кинематографија во Русија

Генералниот конзул Белет рече дека манифестацијата првпат се одржува во Петерсбург и дека истата претставува почеток на промовирањето на турската култура

1221259
Денови на турската кинематографија во Русија

Во Русија започна манифестацијата „Денови на турската кинематографија“ Санкт Петерсбург што се организира под покровителство на Институтот Јунус Емре со седиште во Москва.

На свеченото отворање на манифестацијата „Денови на турската кинематографија“ што се одржа во рамките на манифестацијата Турско-руска година на меѓусебната култура и туризмот во киното Родина, а во заедничка соработка на Институтот Јунус Емре (ИЈЕ) и генералниот конзулат на Турција во Санкт Петерсбург учествуваа Генералниот конзул на Турција во Санкт Петерсбург Јунус Белет, директорот на Институтот Јунус Емре во Москва Омер Озкан и голем број турски и руски гости.

Генералниот конзул Белет во говорот што го одржа во оваа прилика рече дека манифестацијата првпат се одржува во Петерсбург и дека истата претставува почеток во името на промовирањето на турската култура.

Директорот на ИЈЕ Озкан рече дека во иднина овој вид манифестации ќе се одржат почесто.

Во рамките на манифестацијата „Денови на турската кинематографија“ која свечено беше отворена со филмот „Долга приказна“ на режисерот Осман Синав се предвидува во рок од три дена на љубителите на филмската уметност да им бидат прикажани 7 филмови со титлуван превод на руски јазик.



Слични вести