Специјалитети на турската кујна 25-2019

Мутанџана

1219934
Специјалитети на турската кујна 25-2019

Во периодот на миграциите и населувањето на Турците од Централна Азија во Анадолија како и процесот кој продолжи со формирањето на Селџучката и Османлиската империја на овие територии, дојде до културни интеракции меѓу заедниците. Природно дека овие интеракции се одразија и врз кујните. Османлиската кујна, како резултат на бериќетното земјиште, историските богатства и влијанието на различните народни култури на овие територии се претвори во најголема фузија на кујни на светот. Денес во поголемиот дел од светот, од Америка до Кина , од Русија до Африка имаме можност да ги видиме трагите на Османлиската кујна. Иако денес Османлиската Империја не постои, царството на османлиската кујна продолжува да егзистира во голем број кујни во светот како од аспект на техниките на погтотвување, така и од аспект на видовите и културата на јадењата. Во рамките на денешената програма ќе ве запознаеме со јадењето „мутанџана“ кое датира од периодот на Османлиската империја. Тоа е вид слатко и киселесто јадење со месо кое се подготвува со изобилни количини овошје.

Јадењето „мутанџана“ освен со јагнешко може да се подготви и со кокошјо месо. Денешниот рецепт ќе го подготвиме со јагнешо месо. За подготвување на јадењето „мутанџана“ со јагнешко месо потребни ви се следните состојки:

800 грама јагнешко месо

100 грама ситно исечкан кромид

50 грама излупени бадеми

50 грама суви кајсии

50 грама сушени сливи

50 грама суви смокви

2 супени лажици путер

2 супени лажици мед

сол

2 чаши млака вода

2 мали лажици смрадлика

Јадењето „мутанџана“ со јагнешко месо се подотвува на следниот начин. Најпрвин во едно тенџере со дебело дно го топиме путерот. Врз стопениот путер го додаваме месото и го пржиме се додека не ја испушти водата. Потоа додаваме од ситно исчеканиот кромид и смесата ја запржуваме окол 3 минути. Додаваме млака вода и смесата во тенџерето ја оставаме да се вари на тивок оган. Додаваме грозје, сливи, мед и сол и смесата ја оставаме да се вари уште околу 5 минути. Во една друга тава подготвуваме соте од бадеми, исечкани смокви и кајсии во зовриена топла вода. Сотето од овошје го додаваме во месото, а потоа целата смеса ја вариме уште неколку минути. Подготвеното јадење можете да го сервирате во чинии и да ги украсите со свежи тревки. Ви посакуваме пријатен апетит.



Слични вести