Туризмот во Турција 23/2019

Градот Ризе, на брегот на источниот дел на Црното Море, е познат по своите висорамнини со единствена убавина, шумите каде што има голем број видови дрвја и растенија, реките, долините, планините, ледничките езера

1215297
Туризмот во Турција 23/2019
Rize3.jpg
rize
rize
rize
rize çay (14).jpg
rize çay (8).jpg

Ризе е град во Турција, кој се наоѓа на брегот на источниот дел на Црното Море. Најзначајна карактеристика со која што располага е неговата зелена природа.

Ризе е познат по своите висорамнини со единствена убавина, шумите каде што има голем број видови дрвја и растенија, реките, долините, планините, ледничките езера. Освен со природни убавини располага и со културни и историски богатства.

Градот Ризе се наоѓа на еден доста стрмен терен помеѓу планините Качкар и Црното Море, во североисточниот дел на Анадолија. Поради тоа што влажноста на воздухот и врнежите на морскиот брег се големи природната растителна покривка на областа се состои од густи шуми со широки лисја. Овде се наоѓаат 25 отсто од шумите на Турција и од аспект на шумите со кои што располага е најбогатата област на Турција.

Познати висорамнини на Ризе се Ајдер, Анзер, Овит, Покут, Сал, Гито, Елевит и Чичекли. На некои од овие висорамнини и денеска продолжуваат сточарството и земјоделството и повеќето се отворени и за туризам. 

Висорамнини кои што се распрснати по планините Качкар ве пречекуваат со своите автентични и љубопитни висорамнински куќи, како и со десетици растителни видови и дрвја. Во поголемиот дел од висорамнините куќите се издаваат како пансиони.

Областа им пружа мошне голем број можности на обожавателите и љубителите за планинарење и шетање т.ј. спортови по природа.

Ако отидете во погодно годишно време односно сезона и тоа особено напролет или лете можете да шетате меѓу оној извонреден мирис на десетици видови цвеќиња кој што се шири по висорамнините.

Висорамнините на градот Ризе; со нивната богата флора и фауна како и големиот број мали и поголеми леднички езера, се други места кои што вреди да се видат. Сите одделно им нудат различни можности на обожавателите. На пример бањите, т.ј. термалните води на висорамнината Ајдер имаат лековито својство за посетителите. 

На висорамнината Ајдер, поразлично од другите висорамнини, освен автентичните висорамнински куќи постојат можности за престојување и во хотели.

Медот од висорамнината Анзер на надморска височина од 2.100 метри, кој има лековито својство, односно претставува извор за лекување, е прочуен во целиот свет. Медот од Анзер (Анзерскиот мед) за кој што се знае дека делува многу добро за човечкото здравје, речиси е екстрат од илјада видови цвеќиња од висорамнините. 

Овие висорамнини во летните месеци го облекуваат своето руво со најразлични тонови на зелената боја, а во зимските месеци се со тонови на претежно црвената боја. Со своите листопадни дрвја се привлечно место особено за прошетка по природа и фотографирање. 

На некои висорамнини постои погоден географски потенцијал за параглајдинг,  а на некои за зимски туризам. 

Во реката Фиртина која што се состои од соединување на малите реки на падините на планините Качкар сo поглед кон Црното Море и во близина на Ардешен кај градот Ризе се влева во Црното Море, природниот живот продолжува со сета негова убавина.

На пример на многу места можете да ги видите пастрмките со црвени дамки чиј вид се наоѓа пред исчезнување.

Нa реката Фиртина во должина од 57 километри има и места погодни за рафтинг. 

Во градот Ризе има голем број тврдини чие минато се протега до 13 и 14'от век. Најпознатата од овие тврдини, изградени поради причини како што се одбрана, комуникација, набљудување и одржување на доволна воена сила, е тврдината, т.ј. Калето Зил. Ова кале со својот изглед ве води назад во средниот век, и исто како и Калето Варош, Калето Џиха и Моминското Кале во градот, ја воспоставувало безбедноста, ѝ на подрачјето, ѝ на еден значаен средновековен каравански пат кој што води до Анадолија.

Ако одите во Ризе ние од овде ви предлагаме да не се вратите без претходно да се искачите на висорамнините богати со кислород, без да го посетите музејот кој што располага со една богата колекција, да ги фотографирате-сликате заоблените камени мостови кои што од изминатите векови пристигнале до денеска, без да пробате од традиционалните јадења пилав со рибата хамси и лебот со хамси, да испиете од познатиот чај од Ризе и без да купите феретико, вид традиционнална ткаенина од подрачјето.

Ако сакате да ги вкусите убавините кои што овдешната природа му ги нуди на човештвото, градот Ризе ве очекува со своето срдечно, топлокрвно и гостопримливо население.
 



Слични вести