Вечерва муслиманите ја слават светата ноќ Кадир (Лејлетул Кадир)

Вечерва муслиманите ја слават светата ноќ Кадир (Лејлетул Кадир) за која се вели дека е подобра од илјада месеци и кога почна да се објавува светата муслиманска книга Куранот

1212267
Вечерва муслиманите ја слават светата ноќ Кадир (Лејлетул Кадир)

Вечерва муслиманите ја слават светата ноќ Кадир (Лејлетул Кадир) за која се вели дека е подобра од илјада месеци.

Ноќта Кадир кога почна да се објавува светата муслиманска книга Куранот се прифаќа како ноќ во која се отвораат вратите на небото и се прифаќаат довите (молитвите) и покајанијата.

Сите џамии во Турција (според статистичките податоци има 84.684 џамии) ќе останат отворени до наутро.

Оние кои сакаат оваа света ноќ да ја поминат во ибадет-верски обред (молење, молитва) ќе ги исполнат џамиите.

Возвишениот Аллах во сурата Ел Кадр вели: „Куранот, Ние, навистина, почнавме да го објавуваме во ноќта Кадир. А знаеш ли ти која е таа ноќ Кадир? Ноќта Кадир е подобра од илјада месеци. Во таа ноќ се спуштаат мелеците (ангелите) и Џибрил со одобрението на Господарот нивни, поради секаква одлука. Сигурноста е во неа, се до појавата на зората“.

 

 



Слични вести