Манастирот Сумела за 4 дена посетен од страна на 2 илјади посетители

Манастирот Сумела кај градот Трабзон, по завршување на еден дел од реставрациските работи започнати на 22 септември 2015 година, за 4 дена го посетија 2 илјади посетители

1210681
Манастирот Сумела за 4 дена посетен од страна на 2 илјади посетители

Манастирот Сумела кај градот Трабзон, на брегот на Црното Море, кој е едниот од значајните туристички центри на Турција и кој беше отворен за посета по завршување на реставрациските работи, за 4 дена го посетија 2 илјади посетители.

Делот до првиот двор на Манастирот Сумела кој поради реставрациските работи 4 години како е затворен, беше отворен за посетителите на 24 мај.

Директорот за култура и туризам на округот на градот Трабзон Али Ајвазоглу рече: „Бројот на посетителите од 25 мај сабота до 28 мај вторник во вечерните часови изнесува 2.063 лица. Тоа е многу добра бројка. Кога ќе направиме пресметка тоа значи дека во просек оваа година ќе дојдат приближно 600 илјади посетители. Мислам дека би можеле да ја постигнеме таа бројка.“

Откако ќе бидат завршени сите работи кои што се реализираат во Манастирот Сумела и комплексот од градби, ќе бидат започнати постапките за да го заземе своето место во списокот на Светското културно наследство на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО).

Реставрациските работи кои што започнаа на 22 септември 2015 година се планира да завршат целосно на крајот на 2020 година.



Слични вести