Туризмот во Турција 21/2019

Археолошките остатоци покажуваат дека градот Синоп и околината, на најдалечната северна точка на Турција, почнувајќи од првите периоди биле интензивно населени простори

1208196
Туризмот во Турција 21/2019
sinop turizm.jpg
sinop.jpg
sinop (3).jpg
sinop (8).jpg
sinopjpg (2).jpg

Град на брегот на Црното Море во Турција; Синоп...

Една од областите каде што се вовлечени еден во друг синото и зеленото и каде што се принесуваат извонредни убавини.

Синоп бил формиран во 7'от век како трговска колонија. Според едно размислување, своето име го добил по Сонопе за која се раскажува дека била ќерка водена самовила на Асопос, богот на реките во митологијата. Според едно друго раскажување пак, се вели дека името му доаѓа од зборот т.ј. името "Син", богот на месечината кај Асирците.

Археолошките остатоци покажуваат дека градот Синоп и околината почнувајќи од првите периоди биле интензивно населени простори. Поради неговата географска местоположба и тоа што е природно пристаниште затворено за ветровите кои што доаѓаат од Црното Море, обезбедило да се претпочита како населено место. Во времето на македонскиот крал Александар Велики градот го доживеал својот блескав период, им било придадено значење на науката и културата, биле земени под заштита научници и филозофи. Потоа потпаднал под римско и византиско владеење. Кон крајот на 11'от век пак, Синоп бил приклучен кон турските територии.

Синоп ги пречекува своите посетители со своите единствени природни убавини и со историските знаменитости. Едниот од најзначајните е заливот Хамсилос кој се наоѓа на најдалечната северна точка на Турција. Во минатото во овој залив се криеле непријателските галии, т.ј. воени бродови, а денеска се засолнуваат риболовците за време на невреме, бура. Според неговите карактеристики и начин на формирање сличен залив со Хамсилос има само во Норвешка.

Заливите Сарикум (жолт песок) и Каракум (црн песок) кои своето име го добиле по бојата на песокта, т.ј. сари-жолта и кара-црна, како и Аклиман  особено на љубителите на морскиот туризам им пружаат извонредни убавини кои што се испреплетени и со шума.

Водопадот Ерфелек кој што инаку се состои од 28 големи и помали водопади, ако ја сакате прошетката по природа, односно трекингот ви нуди патека по која се наоѓаат и воденици, а исто така можете одблизу да го набљудувате и дивиот живот.

Откако ќе се искачите до водопадот подреден во вид на 28 степеници, горе ве чека едно убаво турско кафе.

Тврдината или Калето на Синоп чија изградба се протега дури до 7’от век пред новата ера, како и Калето Бојабат каде што има и подземни тунели ви даваат идеја во врска со историјата на подрачјето.

Морскиот светилник Инџебурун кој располага со своја бела елегантна кула и кој се наоѓа на најсеверната точка на Турција, уште од средината на 19’от век, и им го покажува патот на бродовите, и нуди можност за набљудување на онаа единствена панорама на Црното Море.

Карпите од базалт во населеното место Бојабат, исто така се од местата во Синоп кои што се посетуваат од страна на голем број домашни и странски туристи. Подрачјето кое располага со единствени убавини е прогласено за споменик на природата.

Едниот од значајните историски објекти во Синоп е Затворот. Бил изграден пред стотици години како тврдина, односно кале.

Во подоцнежните периоди бил променет, обновен и му биле доградени нови делови. Објектот се состои од внатрешно кале, широки ѕидини и кули.

Одредено време бил користен како бродоградилиште, а потоа како затвор.

Денеска ги пречекува и угостува своите посетители како музеј.

Други места кои што предлагаме да ги посетите пред да се вратите од Синоп се езерото Акѓол, пештерата Иналти и Археолошкиот музеј.

Синоп исто така е и родното место на познатиот филозоф Диоген кој на Александар Македонски од чија страна бил запрашан „Дали сака нешто од него, односно што може да стори за него?“, му одговорил со зборовите „Не сакам ништо друго, освен да не ми правиш сенка.“

Според истражувањето кое што Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) го спроведува  веќе 3 години, Синоп е „најсреќниот град“ на Турција...

Ако сакате на лице место да ја видите причината зошто Синопчани, себе си се оценуваат како „среќни“, да ги вкусите природните и историските убавини на овој град на среќните луѓе, Синоп ве очекува...



Слични вести