Кинеските жени наградени со одмор во Турција во посета на Кападокија

Кападокија со природната структура и турите со балони се наоѓа меѓу најпривлечните туристички дестинации на кинеските туристи.

1209317
Кинеските жени наградени со одмор во Турција во посета на Кападокија

Илјада Кинескињи кои од страна на една козметичка фирма беа наградени со одмор во Турција, во рамките на посетата на Кападокија се фотографираа со локални носии и предизвикаа многу интересни и разнобојни глетки меѓу Самовилските оџаци.

Кинеската делегација со авион пристигна во Истанбул и со 20 автобуси на туркомпанијата со која имаа постигнато договор ги посетија културно-историските знаменитости и туристичките центри во Кападокија и околината.

Автобусите се паркираа на влезот на долината Киличлар во подрачјето Ѓореме и жените во црвено кои се симнаа од автобусите формираа интересна глетка.

Членовите на групата кои ги посетија Самовилските оџаци и природните длабнатини во карпите, нешто потоа со транспаренти на кинески јазик во рацете се фотографираа.

По еднонеделната турнеја по Истанбул, Кападокија, Анталија и Памуккале, кинеската група се врати во земјата и во изјавата за печатот истакнаа дека биле воодушевени од културно-историските знаменитости и богатства на Турција.

Кападокија со природната структура и турите со балони се наоѓа меѓу најпривлечните туристички дестинации на кинеските туристи.



Слични вести