Министерот за култура и туризам Ерсој во посета на Ѓобеклитепе „нултната точка на историјата“

Министерот Ерсој истакна дека Ѓобеклитепе во Шанлиурфа кое се наоѓа во списокот на Светското наследство на УНЕСКО и е едното од првите простори на населување за кои што се знае во историјата, ќе стане едно од лицата за презентација на Турција

1209121
Министерот за култура и туризам Ерсој во посета на Ѓобеклитепе „нултната точка на историјата“

Министерот за култура и туризмот Мехмет Нури Ерсој ја посети на местото на кампување до спортската сала 11 април екипата „Рели за пријателство и мир Europa-Orient/Исток-Запад“ која замина за Шанлиурфа по повод дадениот старт на етапата на Турција во Султанахмет во Истанбул и прогласувањето завчера на 2019 година на Ѓобеклитепе.

Министерот Ерсој истакна дека Ѓобеклитепе во Шанлиурфа кое се наоѓа во списокот на Светското наследство на Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите нации (УНЕСКО) и е едното од првите простори на населување за кои што се знае во историјата, ќе стане едно од лицата за презентација на Турција.

Потоа министерот за култура и туризам Мехмет Нурин Ерсој премина на шпферското седиште на рели возилото и возеше по градот заедно со спортистите.

Министерот Ерсој возењето го заврши во Ѓобеклитепе по што заедно со спортистите го прошетаа археолошкиот простор и беа информирани од надлежните.

Во дадената изјава по посетата, министреот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој истакна дека на Ѓобеклитепе му се придава големо значење и дека за негово афирмирање се водат рекламни кампањи на сите страни во светот.

Нагласувајќи дека во оваа смисла многу е значајно и „Рели за пријателство и мир Europa-Orient/Исток-Запад“, Ерсој рече: „Овие видови организации имаат многу голема корист од аспект на промовирањето на Турција и од аспект на подигнување на свеста.“

Министерот Мемет Нури Ерсој појасни дека е добиен позитивен резултат и од активностите кои што се реализирани оваа година во странство и продолжи со следните зборови: „Особено почнувајќи од јануари реализираме мошне интензивна презентација преку телевизија, списанија и на дигитална средина во Германија, Русија и Велика Британија. Ги анализирав податоците за април, постои раст од 24 отсто. Германија која најпрвин посака зголемување е Германија со 48 отсто, втора Русија со 34 отсто, трета Велика Британија со 31 отсто. Тоа се земји во кои реализиравме мошне интензивна презентација почнувајќи од јануари. Значи дека презентацијата е влијателна.“

Ерсој додаде дека презентациите на овој начин ќе продолжат.



Слични вести