Дали знаете 20/2019

Хидрелез, или Едерлез, односно познат и како Ѓурѓовден, е едниот од сезонските т.ј. годишните празници кој што се одбележува на 6 мај, а со цел славење на доаѓањето а пролетта

1206989
Дали знаете 20/2019

Дали знаете дека Хидрелез, или Едерлез се наоѓа во Списокот на нематеријалното културно наследство на човештвото на УНЕСКО?
Хидрелез, или Едерлез, односно познат и како Ѓурѓовден, е едниот од сезонските т.ј. годишните празници кој што се одбележува на 6 мај, а со цел славење на доаѓањето а пролетта. Во Анадолија по зимата, денот кој што ги симболизира заживувањето на природата и изобилството и берикетот е 6 мај и тој ден се нарекува Хидрелез, или Едерлез.

Се верува дека на тој датум се сретнале на земјината површина божјите пратеници Хизир и Илјас. Хидрелез, или Едерлез заедно со заживувањето на природата во голем број места на Турција, се слави на ист ден од страна на муслиманските и христијанските заедници кои сакаат да се подготват себе си материјално и духовно за една нова година.

Пред Хидрелез (Едерлез) се чисти по домовите, се спремаат различни јадења и се оди на места со шума наречени „хидирлик“ и извори, односно се оди на природа и се прави пикник. Овде се играат различни игри и се организираат забави. На некои места се пали голем оган на местото каде се оди на пикник. Потоа се скока од огнот најмалку три пати, се читаат дови и мании. Се пишуваат желби и од вечер се ставаат под ружини дрвја, а утрото пред изгрејсонце се собираат овие напишани желби. Понекогаш пак за да би пристигнале желбите до Хизир, а за кој се верува дека ќе ги исполни, желбите се фрлаат во река или во море.    
 
Во 2016 година Турција и Македонија со заедничко подготвеното досие „Пролетна прослава: Хидрелез-Едерлез“ се обратија до УНЕСКО. По разгледување на досието од страна на УНЕСКО Хидрелез, или Едерлез во 2017 година беше внесен во Списокот на нематеријалното културно наследство на човештвото.
 



Слични вести