Во Хрватска започна „Неделата на турските филмови“

Претседателот на Здружението за хрватско-турско пријателство Горан Беус Ричемборг истакна дека преку оваа манифестација и Турција ќе има можност да ја промовира својата уметност и култура во Хрватска

1205749
Во Хрватска започна „Неделата на турските филмови“

Во Загреб започна манифестацијата 8-а Недела на турските филмови.

Манифестацијата која се одржува под покровителство на Институтот Јунус Емре во соработка со Здружението за хрватско-турско пријателство во киното Европа започна со прикажувањето на филмот „Сезона на лов“ чиј режија е Јавуз Тугрул. Манифестацијата наиде на големо интересирање.

Амбасадорот на РТ во Загреб Мустафа Бабур Хизлан рече дека Турција на годинашнава манифестација „Недела на турските филмови“ пред љубителите на кинематографската уметност ќе излезе со доста богата содржина.

Претседателот на Здружението за хрватско-турско пријателство Горан Беус Ричемборг истакна дека преку оваа манифестација и Турција ќе има можност да ја промовира својата уметност и култура во Хрватска. Хрватските граѓани покажаа големо интересирање кон манифестацијата.

Во рамките на манифестацијата во Загреб која што ќе се одржи до 26 мај, ќе бидат прикажани турските филмови „Пченица“ (Buğday), „Студот на Каландар“ (Kalandar Soğuğu), „Брат ми“ (Kardeşim Benim), Можни се сите спокојства (Bütün Saadetler Mümkündür), „Сон“ (Rüya), „Газоза за ифтар“ (İftarlık Gazoz), „Тајните на софрата“ (Sofra Sırları) Авантурите на Рафадан тајфа (Rafadan Tayfa Dehliz Macerası) и „Дивата круша“ (Ahlat Ağacı).



Слични вести