Туризмот во Турција 20/2019

Мардин кој се наоѓа помеѓу реките Тигар и Еуфрат, е град кој што низ историјата ја отворил својата прегратка на различни цивилизации, различни верувања и кој располага со коренита историја

1204758
Туризмот во Турција 20/2019
mardin (1).jpeg
mardin midyat (6).png
mardin midyat (2).jpg
mardin midyat (1).png
Eski-Mardin.jpg
mardin

Мардин со неговата културна градба и географска местоположба е едниот од најразличните градови кои што би можеле да ги видите воопшто. Се наоѓа во југоисточноанадолската област на Турција. Градот со поглед кон Месопотамија привлекува внимание со неговата себе својствена архитектура и своите посетители ги води кон она мистично минато на истокот кое буди љубопитност.

Мардин кој се наоѓа помеѓу реките Тигар и Еуфрат, е град кој што низ историјата ја отворил својата прегратка на различни цивилизации, различни верувања и кој располага со коренита историја. Се претпоставува дека населувањето на областа се протега до пред 3000 години п.н.е..

Редум потпаднал под владеењето на Асирците, Хититите, Урарту и Медите. Бил под владеење на Римјаните кои ја зазеле Анадолија. После Византија во 11’от век бил приклучен кон турските територии.

Мардин кој се наоѓа на Патот на свилата е едното од најстарите населени места на Горна Месопотамија. Кога ќе се погледне кон општиот изглед на градот нашето внимание најпрвин го привлекуваат куќи изградени од жолт варовнички камен.

Вратите на овие светски познати куќи се отвораат кон Месопотамската низина.

Поради тоа што биле изградени на косите падини на ридот биле изградени најмалку на два спрата и биле планирани на тој начин што сенката на едната да не паѓа, односно да не ја покрива другата куќа. Варовничкиот камен овозможува куќите лете да држат ладно, а зиме топло.

На жолтиот варовнички камен откако ќе блесне и сонцето на Месопотамија градот добива еден жолт изглед од приказните и тогаш ја разбирате причината зошто Мардин се нарекува „град на сонцето“.

Во Мардин кој што личи на музеј под отворено небо има голем број места за посетување. Едно од нив е античкиот град Дара кој што исто како и Мардин е едниот од најстарите населени места на стара Месопотамија. Дара и тоа како ќе ве импресионира и воодушеви особено со подземниот град на длабочина од 40 метри под површината на земјата. Овој антички град располага и со своја  воденица, црква,чаршија и резервоари за вода.

Една од градбите кои што се дојдени во положба на симбол на градот Мардин е манастирот Дејрулзафаран. Овој манастир бил изграден во 5’от век, меѓутоа со својот денешен изглед се стекнал со додадените градби во понатамошниот период. Дејрулзафаран е едниот од верските центри на православните Асирци. Овде и денеска се врши богослужба.

Улуџами е меѓу значајните дела во центарот на градот Мардин. Улуџами е едната од најстарите џамии на Анадолија и била изградена во 12’от век. Со своето извонредно минаре ја разубавува силуетата на градот. Меѓу местата кои што вреди да се видат во Мардин се и џамиите Шехидије, Мелик Махмут, Латифије и Неџмеддин.

Медресето Зинџирије пак, е меѓу најубавите градби кои што од 14’от век успеале да пристигнат до денеска. Тоа има и своја интересна приказна. Иса Беј од чија страна било изградено медресето, откако бил поразен на бојното поле одредено време овде бил држен во заробеништво и бил принуден да одлежи затвор.

Медресето Касимије кое е изградено во поблиското минато, во времето кога работело бил едниот од најзначајните образовни центри во областа. Во склопот на Медресето освен џамија и турбе има и 23 училници и било изградено како образовен и научен комплекс.

Манастирот Мор Габриел во населеното место Мидјат на неколку километри од Мардин, е од познатите и големите градби на старата асирска заедница. Овој манастир е најстариот асирски православен манастир во светот кој што се одржал на нозе. Почнал да се гради во 397 година и бил изграден за кусо време. Во различни периоди потоа му биле доградени други градби, од внатре и од надвор.

Мор Бенхам или со неговото друго име црквата Кирклар од 6’от век пристигнала до денеска. Привлекува внимание со својата камбана и дрвените врати изградени со посебна изработка. На крајот на 13’от век, откако Мардин станал асирски стар патријаршиски центар, духовните и административните работи на народот биле водени односно управувани од оваа црква.   

Мардин ве пречекува со своите џамии, цркви, манастири како град во кој верувањата живеат вовлечени еден во друг и во мир и почитување. Тесните улици, камените куќи, калето со поглед над градот, историските чаршии, кафеаните кои што кај вас будат чувство како да сте излезени на патување, ве чекаат за да ве односат во една маѓепсна атмосфера.

Доколку го посетите Мардин кој што денеска привлекува туристи од голем број земји, ние ви предлагаме да ги посетете музејот на Мардин кој што содржи значајни дела, како и населеното место Мидјат.

Мардин е познат по изработката на среброто наречена „телќари“. Меѓу нашите предлози е да купите од предметите изработени од вештите мајстори за изработка на сребро.

Немојте да се вратите без да пробате и од извонредните специјалитети на градот кој што располага со мошне богата кујна, како што се поготово долмата од ребра, сембусек и уште многу други.



Слични вести